Економскиот факултет од Прилеп промовира оригинално истражување за влијанието на Ковид-19 врз малите бизниси во прилепската чаршија

Економскиот факултет од Прилеп промовира оригинално истражување за влијанието на Ковид-19 врз малите бизниси во прилепската чаршија

Економскиот факултет - Прилеп, единица на УКЛО, во услови на пандемија одбележува голем јубилеј, 60 години постоење. Во нови околности и видоизменети услови, факултетот е горд на значајната годишнина и прилспособен кон новата ковид-реалност, јубилејот - 60 години постоење го дочекува во нови, променети услови.

Прв од неколкуте настани во рамките на одбележувањето е промоцијата на истражувањето „Влијанието на Ковид-19 врз малите и микробизнисите во старата прилепска чаршија“, што дополнително ќе се објави во меѓународна научна публикација. Станува збор за истражување од проектен тим од експерти од факултетот, чија цел е евалуација на влијанието на економската криза врз бизнисите во старата прилепска чаршија, во соработка со Регионалната занаетчиска комора - Прилеп. Проектниот тим го сочинуваат: д-р Илија Христоски, д-р Tатјана Спасеска, д-р Драгица Оџаклиеска и д-р Коста Сотироски. 

Деканот на Економскиот факултет – Прилеп, проф. д-р Драгица Оџаклиеска, осврнувајќи се кон одличната соработка со стопанството што се остварува традиционално и во континуитет, оценува дека овој вид соработка е особено значаен во контекст на стекнување емпириски знаења и искуства на студентите, од една страна, и трансфер на теоретските знаења во практиката, од друга страна, бидејќи таа се реализира преку повеќе форми кои опфаќаат: стручни предавања на претставници од бизнис-секторот, организирање практична работа на студентите, понуда на консултантски и експертски услуги на деловните субјекти, организирање обуки според потребите на бизнис-заедницата, спроведување заеднички научноистражувачки проекти и сл.

1

Најновото истражување „Влијанието на Ковид-19 пандемијата врз малите и микробизниси во старата прилепска чаршија“, според Оџаклиеска, претставува уште една потврда на успешна соработка, во конкретниот случај со Регионалната занаетчиска комора. „Општо е познато дека пандемијата предизвика длабоки економски консеквенци во сите сфери на деловните активности. Во овој контекст, особено се значајни оцените за степенот на влијание што пандемијата ги оствари во одделните сектори од економијата. Притоа, евидентно е дека таа предизвика сериозни негативни последици врз малите и микробизниси“.

2

Во реализацијата на истражувањето кое ги детектира последиците од кризата врз работењето на малите и микробизниси во старата прилепска чаршија, а во тој контекст и на локалниот економски развој, учествуваше и Регионалната занаетчиска комора чиј претседател, Корул Трпчески, оценува дека и покрај сите мерки малите бизниси, како и одредени занаети, не успеаја да го продолжат своето работење, за што сведок се и многубројните затворени дуќани во старата прилепска чаршија. „Кризата предизвикана од Ковид-19 иницира и процес на дигитализација во Република Северна Македонија (но и глобално) што ќе трае и ќе наметнува предизвици, но исто така ќе обезбеди и нови можности во економијата, образованието и во другите сфери на општеството. Главниот предизвик во овој поглед е да се осигури дека сите групи во општеството ќе имаат пристап и ќе имаат корист од процесот на дигитализација. Многу од компаниите се приспособија на новонастанатите услови и во рамките на своите можности организираа онлајн-маркетинг, како и онлајн-продажба, што за повеќето од малите и микробизниси ова е невозможна операција поради немање технички и финансиски средства, како и немање соодветно познавање за нивно користење. Од аспект на намалениот број занаетчии, особено од одредени занаетчиски занимања, се наметнува потребата за брза реакција на образување нови кадри, што во формалниот што во неформалниот систем на образование, а од друга страна,  сите можности за учење или стекнување вештини преку практично искуство (или во училишните простории или преку практична обука во компаниите) станаа невозможни за реализација поради владините ограничувања.

4

Имајќи го предвид фактот дека не само ние, туку и глобално се соочуваме со предизвиците наметнати од ковид-кризата и непредвидливоста на нејзиното времетраење, пред сите нас се наметнува потребата од зголемена меѓусебна соработка  и помош со цел изнаоѓање решенија за опстанок и ако е можен посакуван развој во сите области. Па се надевам дека преку вакви проекти ќе влијаеме врз јавната мисла и анализите и резултатите ќе бидат имплементирани во наредните мерки кои би ги презела нашата Влада за колку што е можно повеќе да ги неутрализираме негативните ефекти од ковид-пандемијата.

Професорот Коста Сотироски од име на проектниот тим го претстави истражувањето за „Влијанието на Ковид -19 пандемијата врз малите и микробизниси во старата прилепска чаршија“. Презентирани се многубројни научни согледувања и хипотези, при што како недвосмислени се неколку битни заклучоци, меѓу кои дека: ковид-кризата го намали бројот на вработени, предизвика намалување на прометот и добивката на фирмите и воедно ја зголеми загриженоста за опстанокот на бизнисите во прилепската чаршија“.

Покрај ова, факултетот со уште неколку манифестации го чествува и со гордост го одбележува шестдеценискиот развој. Ќе биде поставена трајна изложба од фотографии со кои се прави пресек на 60-годишната историја на Економскиот факултет, во сите области на неговото дејствување. Воедно, факултетот ќе ги претстави и двата најнови броја од научното списание SERBЕ Southeast European Review of Business and Economic, како и два броја од факултетскиот гласник: Еквилибриум, посветени на стручни осврти и ставови на професори од овој факултет за мерките и политиките што треба да се преземат во услови на пандемија и најновиот број, посветен на големиот настан, 60 години Економски факултет – Прилеп.

5

На 19 октомври студентите на Економскиот факултет – Прилеп, активно, во ковид-услови, покрај Конкурс за најдобар есеј посветен на 6-деценискиот развој на Економскиот факултет, во дворот на високообразовната институција ќе засадат садници и ќе ја промовираат својата општествена одговорност.

Во рамките на одбележувањето на јубилејот, Економскиот факултет – Прилеп како посебни предности ги истакнува традицијата и континуираниот развој, достигнувањата во економската наука и едукацијата, како и примената на знаењата во реалниот сектор, бизнисите и националната економија во целина. Ова впрочем многу успешно овој факултет го остварува и во услови на ковид-криза, кога со свои стручно и научно фундирани предлози нуди значајна помош за економијата и државата во справување со актуелните проблеми и предизвици.

(Комерцијална објава)