Студентите од последна година на Медицина се вклучуваат во борбата против Ковид-19

Студентите од последна година на Медицина се вклучуваат во борбата против Ковид-19

Студентите што ги привршуваат студиите по медицина ќе бидат активно вклучени во борбата против коронавирусот. Ангажманот ќе трае шест месеци и ќе биде поделен во три фази. На секои два месеца по 50 нови студенти ќе бидат ангажирани во центрите за јавно здравје. Сепак, тие нема да имаат физички контакт со пациенти заболени или сомнителни на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство.

Министерот Венко Филипче и деканката на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Соња Топузовска, разговараа со студентите од шеста година по општа медицина како тие да се вклучат во процесот на справување од коронавирусот.

- Студентите се едногласни дека сакаат и можат да помогнат во периодот што следува. Нивниот ангажман ќе им биде од помош на колегите епидемиолози во телефонска комуникација со пациентите, изработка на епидемиолошки анкети и обработка на податоците - истакна Филипче.


Фото: Министерство за здравство