Засадувањето неколку растенија во дворот може значително да го намали нивото на стрес

Засадувањето неколку растенија во дворот може значително да го намали нивото на стрес

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Засадувањето неколку растенија во дворот може да го намали нивото на стрес колку осумнеделни сесии за свеснoст.

Ова се откритијата на новото истражување на Одделот за пејзажна архитектура во соработка со Кралското хортикултурно друштво на Обединетото Кралство.

Истражувачите, од универзитетите во Шефилд, Вестминстер и Вирџинија, откриле дека позелен двор исто така може да направи да се чувствувате посреќни, порелаксирани и поблиски до природата.

Четиригодишниот научноистражувачки проект додал украсни растенија во претходно разголените предни градини во економски загрозените улици на Грејтер Манчестер, Англија.

Според изјавата на истражувачите, 42 жители добиле: 1 дрво (смрека), 1 грмушка (азалеа), 1 алпинист (клематис), подгрмушки (лаванда, рузмарин), нарциси, крокуси, кокичиња, петунии и синолички. Експерименталниот дизајн вклучувал контролна група која ги добила растенијата една година подоцна.

Со мерење на концентрацијата  на хормонот кортизол кај жителите пред и по додавањето на растенијата, истражувачкиот тим можел да види дали зеленилото има некакво влијание врз нивното ниво на стрес. Нивото на кортизол се менувало во текот на денот. Нивото достигнувало врв во раните утрински часови набрзо по будењето, а паѓало најниско навечер.

Поголемо намалување во текот на денот укажува на поефикасно регулирање на деноноќните и хормоналните механизми, што веројатно е последица на намален стрес. Пред експериментот само 24 отсто од жителите имале здрава шема на кортизол. Во текот на годината, по засадувањето на растенијата, процентот се зголемил на 53.

Нивото на перципиран стрес се намалило за 6 отсто по засадувањето на растенијата.

rastenie
Фото: Freepik

52 отсто од жителите изјавиле дека нивниот двор им помага да бидат посреќни, 40 отсто изјавиле дека им помага да бидат порелаксирани, а 26 отсто изјавиле дека им помага да бидат поблиску до природата.

- Сега можеме да докажеме за виталната потреба да ги вклучиме растенијата во нашите градини и домашни простории. Ова ќе бара промена во начинот на стратегија, дизајн, планирање и градење на нашите простори за живеење - вели д-р Лауиран Сујин Чалмин-Пуи, која го спровела истражувањето.

- Податоците за намалување на стресот се зачудувачки, со тоа што најдовме толку значаен одговор само со релативно мал број растенија. Сега знаеме дека пристапот до мало парче природа има корисни ефекти врз нашето здравје. Беше фасцинантно да се види како додавањето на растенијата во дворовите има навистина трансформативно влијание врз животот на жителите. Жителите што страдаат од осаменост и други проблеми со менталното здравје сметаат дека ова е особено мотивирачко - вели таа.

- Со милиони луѓе што се занимаваат со градинарски работи и дворови, по карантините, се надеваме дека ова истражување ќе инспирира повеќе луѓе да засадат растенија во нивните дворови, градини, балкони, до нивните улици - вели професорот Алистер Грифитс.

- Денес животот за многумина е уште постресен, што значи дека резултатите од овој експеримент се поважни од кога било. Сите заедно треба да се обидеме да направиме позитивна разлика - додава Алистер.

Извор: Good News Network
Фото: Freepik