Едно со природата - во оваа италијанска куќа расте вистинско дрво

Едно со природата - во оваа италијанска куќа расте вистинско дрво

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Ако поминувате покрај оваа куќа во идиличното село Парма, Италија, вниманието ќе ви го привлече дрвото што расте во куќата.

Оваа италијанска куќа не мора да се истакнува на други начини, на пример, преку експресивни форми или необични бои. Таа без многу напор се вклопува во пејзажот. Станува збор за одржлив семеен дом на Франческо Мути, извршен директор на една од најпознатите прехранбени компании во земјата.

2

Проектот е дело на архитектонскиот тим Рати и Рота кои имаат две независни компании, во Торино и во Милано. Откако се сретнале со Мути и неговата сопруга, архитектите почнале да работат на редизајнирање на скромна, станбена зграда што се наоѓала во близина на фабричката локација во семејниот дом. Постојната зграда, традиционална структура направена од тули, имала потреба од дотерување и доградба, но најмногу требало да го пренесе начинот на живеење и вредностите на семејството Мути, особено неговата силна врска со природата и италијанското село.

4

- Тоа е дом за луѓе, растенија и животни. Насекаде се слушаат штурци. Отсекогаш живеам на село и ја сакам природата. Руралната локација не е единственото нешто што го прави ова мето совршен дом. Се наоѓа веднаш до фабриката и ми се допаѓа што има паралели помеѓу домот и работата - вели Франческо Мути.

5

6

Архитектите и семејството дискутирале за почетокот на проектот и за брзо време стигнале до конечното решение: минимално проширена куќа и во голема мера реновирана користејќи иновативни материјали и техники. Природата е во срцето на целата куќа. Така, на пример, скалите се направени од локална земја, додека за другите места тимот користел смола. И, се разбира, тука е дрвото - фикус што може да се види однадвор преку стаклото поставено за да има доволно сончева светлина за да порасне под новиот, аголен челичен покрив.

7

Извор: Wallpaper.com
Фото: Studioitalorota.it | carloratti.com