Saccharomyces boulardii - квасна габичка, пробиотик за кој постојат најконзистентни докази за намалување на ризикот од дијареја асоцирана со употреба на антибиотик
Микрофлората кај човекот ги вклучува сите микроби - бактерии, фунги и паразити кои живеат во неговиот организам. Во гастроинтестиналниот тракт, овие организми се означуваат како гастроинтестинална микрофлора и имаат значајна улога во метаболизирањето на храната, апсорбирањето нутриенти, превенирањето на колонизација со патогени и сл. Се состои од околу 400 вида бактерии, фунги и паразити. Со зголемување на свесноста во однос на значењето на човечката микрофлора, постои зголемен интерес за начините на модифицирање на микробиомите со цел превенирање или третман на болест. Тие се живи микроби за кои се смета дека обезбедуваат терапевтски придобивки кај домаќинот.
Механизми на дејство
Пробиотиците примарно дејствуваат преку блокирање на колонизација на цревата од страна на патогените бактерии преку повеќе механизми. Тие компетитираат со патогените бактерии за соодветна колонизација со цел да се врзат и да се овозможи нивен раст, како и со нутриенти во ткивото кај домаќинот. Некои од пробиотиците имаат способност да продуцираат метаболити кои поседуваат антибактериски ефекти против други организми, како и да екскретираат бактерицидни протеини наречени бактериоцини, водороден пероксид, млечна киселина или оцетна киселина, кои можат да ја блокираат колонизацијата на патогените организми.
Во однос на имуномодулациските ефекти, некои од пробиотиците поседуваат способност за стимулирање на имунолошкиот систем преку иницирање вроден и имунолошки одговор посредуван од антитела. Исто така, ги намалуваат маркерите на хиперсензитивните реакции и инфламација, предизвикувајќи имуносупресивен ефект. Начинот на кој влијаат врз имунолошкиот систем зависи од здравствениот статус на индивидуата. Кај лица со хиперсензитивен имунолошки систем, пробиотиците вршат надолна регулација врз функцијата на имунолошкиот систем, додека кај здрави лица без хипосензитивен имунолошки систем, пробиотиците вршат негова стимулација.
Најчеста употреба и клинички докази за пробиотици
Дијареја асоцирана со употреба на антибиотици - најчеста и најпроучувана состојба што наметнува употреба на пробиотици. Водичите од Infectious Diseases Society of America (IDSA) од 2017 година препорачуваат пробиотици како опција за намалување на симптомите на оваа состојба. Антибиотиците дејствуваат и врз нормалната флора, што доведува до можност за раст на патогените организми. Употребата на пробиотици се смета дека ја надополнува нормалната гастроинтестинална флора и ја превенира прекумерната колонизација на патогените бактерии. Поради тоа, клиничките истражувања покажуваат дека кај пациентите што употребуваат пробиотици во комбинација со антибиотик постои значајно намалување на ризикот од дијареја.
Saccharomyces boulardii - овој вид квасец е пробиотик за кој постојат најконзистентни докази за намалување на ризикот од дијареја асоцирана со употреба на антибиотик, односно 52-63 %. Најчесто се користи специфична форма на Saccharomyces boulardii 250 mg. Се препорачува 2х 250 мг дневно.
Дијареја предизвикана од Clostridium difficile - најчесто настанува по употреба на антибиотици поради уништување на нормалната микрофлора. Кај 6-25 % од пациентите се јавува најмалку една рекурентна епизода. Доколку Saccharomyces boulardii се употребува заедно со ванкомицин или метронидазол значајно се намалува ризикот од рекурентност, па се препорачува употреба на Saccharomyces boulardii двапати на ден во период од 4 недели започнувајќи во текот на 2 дена од иницирање антибиотски третман.
Дијареја предизвикана од ротавирус - инфекцијата со ротавирус е потенцијално сериозна инфекција која лесно се шири кај новороденчиња и млади деца и е придружена со симптоми како тешка дијареја, повраќање, треска и абдоминална болка. Од голем интерес е употребата на пробиотици со цел да се скрати времетраењето на дијарејата поради нивниот механизам на дејство да ја блокираат атхезијата на ротавирусот врз површината на интестинумот. Saccharomyces boulardii во дози од 400 до 500 mg дневно заедно со 15 ml вода во текот на 5 дена исто така го намалува времетраењето на дијарејата.
Се знае дека диетата, стресот и антибиотиците ја уништуваат цревната микрофлора, па затоа се препорачуваат пробиотиците. 80% од вашиот имунолошкиот систем потекнува од цревната микрофлора. Пробиотиците го засилуваат нашиот имунолошки систем и можат да ги стимулираат одбранбените одговори што ни се потребни за борба против патогени во цревата. Дополнително се борат и против уринарните инфекции.
Saccharomyces boulardii
-Saccharomyces boulardii е тропски квасец првпат изолиран од овошјето од личи и мангостен во 1923 година.
Ефикасност и безбедност на пробиотикот Saccharomyces boulardii за превенција и терапија на гастроинтестинални нарушувања.
Механизми на дејство на Saccharomyces boulardi
А) Антимикробна активност
1) Инхибиција на раст на бактерии и паразити
2) Намалување на цревната транслокација на патогени
3) Неутрализација на факторите на бактериска вирулентност
4) Сузбивање на атхезијата на клетките домаќини што се меша со колонизацијата на бактериите
Механизми на дејство на Saccharomyces boulardii кај специфични инфекции.
Дејство на сакхаромическите буларди
Инфекција со клостридиум дифицил
1) Инхибира токсин А-посредувана дијареја, цревно воспаление и хистолошко оштетување со намалување на врската со токсин А-рецептор
2) Ослободува протеаза што расцепува токсини на Ц. дифцили и цревни рецептори на токсини
3) Стимулира специфични нивоа на имуноглобулин на антитоксин А во цревата
4) Инхибира производство и активирање на IL-8 на MAP киназите Erk1 / 2 и JNK / SAPK предизвикани од токсинот А. кај човековите колоноцити
5) Значително помалку животни предизвикани од C.difficile умреле доколку им се дадат S. boulardii во споредба со контролите
Eфикасност на Saccaromyces boulardi кај хронични заболувања:
1) Кронова болест
2) Улцеративен колитис
3) Синдром на нервозно дебело црево
4) Паразитски инфекции.
Пишува д-р Габриела Масевска, ПЗУ Хумана жена