Фотографија направена од најмала оддалеченост од Сонцето

Фотографија направена од најмала оддалеченост од Сонцето

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Соларната сонда „Паркер“ на НАСА се доближи екстремно блиску до Сонцето.

Доближувањето ја донесе на 15 милиони милји од површината на Сонцето (што е многу помало растојание од она меѓу Меркур и Сонцето). Сондата се движеше со брзина од 213.200 милји на час, што е најбрзо движење на некој вселенски брод направен од човекот.

А денес можеме да фрлиме поглед на тоа како изгледа површината на Сонцето и другата атмосфера од таа оддалеченост.

Ова е фотографијата во сиот нејзин сјај:


Фото: Futurism

На фотографијата може да се забележи една бела точка во средината. Тоа е Јупитер, во заднина.

„Паркер“ се обидува да одговори на неколку големи прашања за нашата ѕвезда, на пример, зошто короната на Сонцето е толку жешка во споредба со површината под неа и како соларниот ветар се забрзува толку брзо?