Дебелите миленици наскоро ќе добиваат инјекции за слабеење

Дебелите миленици наскоро ќе добиваат инјекции за слабеење

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Инјекциите за слабеење кои го револуционизираа третманот против дебелина кај луѓето наскоро ќе бидат достапни и за мачките. Дебелите мачки би можеле да добијат лек како „оземпик“ за да живеат поздрав и подолг живот, а „ОКАВА фармацевтикалс“, со седиште во Сан Франциско, објавува дека првата мачка веќе примила доза во клиничко испитување.

Додека лековите како „оземпик“ и „вегови“ содржеа семаглутид, вид лек познат како агонист на „ГЛП-1“, а компанијата ОКАВА првпат тестира нов лек од истата група наречен „ОКВ-119“, кој е специјално дизајниран за домашни миленици. Лековите „ГЛП-1“ дејствуваат така што го имитираат природниот хормон кој го стимулира производството на инсулин, го забавува варењето и создава чувство на ситост, со што се намалува апетитот.

Наместо неделни инјекции, како што примаат луѓето, на мачките ќе им се имплантира долгорочен имплант, само малку поголем од микрочип. Овој имплант се става под кожата и обезбедува константна доза на лекови за слабеење до шест месеци.

Клиничкото испитување е започнато

Третманот моментално е во првата фаза од испитувањето наречено „МЕОВ-1 (Управување со прекумерна тежина)“, во кое компанијата се надева дека ќе вклучи повеќе од 50 мачки. Две третини од нив ќе добијат имплант со лекот, а губењето на тежината ќе се следи три месеци, со можност за продолжување на уште три. Иако претходните ограничени студии покажале дека лекот е безбеден за мачките, сè уште нема доволно клинички докази за неговата ефикасност во третманот на дебелината.

Доколку лекот се покаже како успешен, ОКАВА планира да започне поголемо клиничко испитување следната година и да побара одобрение од Американската администрација за храна и лекови (ФДА). Ова значи дека третманот за мачки би можел да стане достапен околу 2028 или 2029 година.


Кога диетата не успева

За сопствениците и ветеринарите што се борат да ја контролираат тежината на нивната мачки, ова може да биде пресвртница. Во моментов, дебелината кај домашните миленици се третира со таканаречена „терапевтска диета“, која вклучува намален внес на калории и зголемена физичка активност. Сепак, ова бара голема посветеност и од сопствениците и од домашните миленици, а диетата честопати не успева поради она што ветеринарите го нарекуваат „моќ на поврзување“ - домашните миленици се поупорни во барањето храна отколку сопствениците во одбивањето.

Извор: avaz.ba

Фото: Freepik