Геминиди е еден од најголемите небесни спектакли, а можете да го видите оваа недела

Геминиди е еден од најголемите небесни спектакли, а можете да го видите оваа недела

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Еден од најсјајните метеорски дождови во годината ќе го осветлува небото оваа недела. 
Не е потребен телескоп, ниту двоглед за да уживате во метеорскиот дожд - тој ќе приреди спектакл што ќе може да се види од кое било место на Земјата.

Според НАСА, ова е еден од најдобрите и најсигурни метеорски дождови. Од другите метеорски дождови се разликува по бојата, што го прави еден од најубавите.

Во темна и ведра ноќ можете да набљудувате до 120 метеори на час како паѓаат од небото.

Кога и како да го набљудуваме овој метеорски дожд?


Геминидите ќе бидат видливи од 4 до 20 декември. Може да се гледаат и на северната и на јужната хемисфера, но се изразени повеќе на првата.


Интересни факти

Геминидите се единствениот голем метеорски дожд што не потекнува од комета. Убавите траги што ги гледаме на ноќното небо се предизвикани од честички мали колку зрно песок. Овој метеорски дожд првпат бил забележан во 1862 година, пред откривањето на сите други метеорски дождови како Персеиди и Леониди.


Брзината на метеорите е речиси двојно помала отколку кај другите метеорски дождови и изнесува околу 35 километри на час.

Извор: BBC
Фото: Instagram