И мнозинството Германци се за забрана на социјалните мрежи за младите

И мнозинството Германци се за забрана на социјалните мрежи за младите

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Анкета покажала дека 60 проценти од испитаниците се за таква забрана, додека 24 проценти се против. Вкупно 10 проценти рекле дека не се заинтересирани, а 6 проценти не одговориле или не се сигурни.

Анкетата доаѓа во време кога Австралија воведе нови правила со кои се ограничува користењето на социјалните мрежи од страна на младите луѓе.

Од 10 декември децата и тинејџерите под 16 години во Австралија повеќе нема да имаат право да имаат профили на многу големи платформи, вклучувајќи ги „Инстаграм“, „Тик-ток“, „Снепчет“, „Фејсбук“, „Јутјуб“, „X“, „Редит“ и „Твич“. Контроверзниот закон беше донесен кон крајот на 2024 година и сега стапи во сила. 

За анкетата, институтот за истражување на јавното мислење „Инса“ интервјуира 1.003 лица во Германија на 11 и 12 декември.

 

Извор: tportal.hr

Фото: Freepik