КОНКУРС за доделување на 500 стипендии за покривање на партиципацијата за студирање на УГД

КОНКУРС за доделување на 500 стипендии за покривање на партиципацијата за студирање на УГД

Врз основа на член 8 од  Правилникот за работа на Фондот за стипендирање на студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип  

Управниот одбор на Фондот за стипендирање на студенти на Универзитетот, распишува интерен

К О Н К У Р С

за доделување на стипендии за покривање на партиципацијата за студирање  

1. Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип преку Фондот за стипендирање на студенти доделува стипендии за покривање на партиципацијата за студирање.

2. Конкурсот е интерен и се објавува на веб страницата на Универзитетот.

3. Висината на партиципацијата изнесува 200ЕУР за студентите на матичните факултети и 100ЕУР за студентите на дисперзираните студии.

4. Апликации за доделување на стипендии се доставуваат електронски преку електронскиот индекс (https://students.ugd.edu.mk/), форма за барање од студенти, каде што студентот ја избира/испраќа опцијата „Апликација за доделување на стипендии - 2016 година“.

5. Услови за добивање на стипендија од Фондот се студентот:

-       да има статус на редовен студент на прв циклус на студии на Универзитетот,

-       во текот на истата школска година да не е корисник на стипендија од буџетот на Р. Македонија или стипендија по друг основ,

-       во текот на студиите да имаат просечен успех од најмалку 9 и да ги има  положено сите испити заклучно со септемвриската испитна сесија.

6. Крајниот рок за поднесување на пријавите е 30 дена од денот на објавување на веб страницата на Универзитетот.

7. Пријавите кои што нема да бидат доставени во предвидениот рок, некомплетните пријави, пријавите кои што не се усогласени со условите предвидени со овој конкурс, нема да бидат земени во предвид во постапката за нивно оценување и прифаќање.  

8. Бројот на студенти на кои ќе им се додели стипендија од Фондот е следниов:

 

Управен одбор на Фонд за стипендирање на студенти при Универзитет „Гоце Делчев“–Штип

    Претседател,

    Проф. д-р Блажо Боев