Што открива Facebook за родителите кои се на мрежата?

Што открива Facebook за родителите кои се на мрежата?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Новото истражување од „Facebook“ спроведено во целиот свет имало една цел: да ги анализира родителите кои се на социјалната мрежа. Според резултатите, растењето дете се променило многу во последните години.


На блогот на компанијата стои дека „денешниот родителски спектар е многу разнобоен и дефиницијата за семејство се променила. Навистина, семејствата сега се во секакви форми и големини. Мајките одлучуваат да имаат деца на постара возраст, а татковците се повеќе вклучени во воспитувањето на децата. Во меѓувреме, младите генерации растени со технологијата стануваат родители и носат нови начини на воспитување“.

Со 1,55 милијарди месечно активни корисници кои поминуваат над 25 часа месечно на социјалната мрежа, „Facebook“ претставува огромен извор на податоци за начинот на кој корисниците се однесуваат он-лајн.

Во последното истражување, компанијата ги анализирала родителите во три категории: оние кои очекуваат принова, оние со деца на возраст од 4 до 12 и оние со деца-тинејџери. Било спроведено и посебно истражување на родители на возраст од 25 до 65 години во повеќе земји. На крајот биле собрани податоци од 8.300 родители. Анализата сè уште не е комплетна, но беа објавени првични резултати.

Мобилни мама и тато

Една од најголемите промени во последните години е поврзаноста на мајките и татковците со нивните деца, благодарејќи на паметните телефони. Анализата покажува дека родителите трошат 1,3 пати повеќе време на мобилните телефони отколку оние без деца.

Родители без граници

Мобилните технологии нудат и шопинг искуства и информации. 83% од родителите изјавиле дека имаат пристап до повеќе информации отколку нивните родители.