Оглас за вработување во Владата на РМ... Отворени се 3 (три) работни места

Оглас за вработување во Владата на РМ... Отворени се 3 (три) работни места

ОГЛАС
За пројавување интерес за ангажман

Кабинетот на министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции во Владата на Република Македонија, Џери Наумоф има потреба од ангажирање на високо мотивиран кандидат за следната позиција:

1. Советник за меѓународен равој на нов бизнис, односи со клиенти, супервизија на човечки ресурси, финансиска аналитика и правна усогласеност

За сите погоренаведени позиции потребно е кандидатите да ги исполнуваат следните услови: завршено универзитетско образование од областа на политички студии отсек меѓународно право и односи (најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VI 1/1 степен) најмалку 10 години работно искуство во областа, солидно познавање во облаота за позицијата за која се пријавува, одлично разбирање на сферата на економијата, одлично познавање на MS Office, како и задолжително познавање на англиски јазик на највисоко ниво.

Цел и одговорност на работното место:

- Одговорен за привлекување и преговарање на договори за нови проекти од одделни територии;
- Одговорен за социјални медиуми, промоции и електронска маркетинг кампања;
- Се грижи за правната усогласеност со законските прописи поврзани со инвестициските проекти преговарање и изготвување на договори со странските инвеститори и нивно финансиско евидентирање и следење;
- Извршува супервизија на работите поврзани со управувањето со човечките ресурси во Кабинетот

Сите пријавени кандидати имаат еднакви шанси да бидат примени согласно нивните способности, образование, искуство и личен капацитет.

Заинтересираните кандидати потребно е да достават мотивационо писмо и лична биографија (CV) на македонски и англиски јазик, нѕ следната email адреса: irena. simonovska@fdimacedonia. com.

Огласот е објавен на 04. 03. 2016 година и трае 5 дена.

Напомена: Само апликациите кои ќе ја поминат првата селекција, ќе бидат контактирани, Апликациите на кандидатите кои не ги исполнуваат сите наведени услови, нема да бидат вклучени во селекцијата.

Кабинетот на министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции во Владата на Република Македонија, Горан Мицковски има потреба од ангажирање на двајца високо мотивирани кандидати за следните позиции:

1. Советник за анализа на пазари (2 кандидати)

За сите горенаведени позиции потребно е кандидатите да ги исполнуваат следните услови: завршено универзитетско образование од областа на бизнис, економија, менаџмент, електротехнички или друга струка соодветна на работната позиција (најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VI 1/1 степен), најмалку 1 до 3 години работно искуство во областа, солидно познавање во областа за позицијата за која се пријавува, одлично разбирање на сферата на бизнисот и економијата и исклучителен интерес за деловен развој, одлично познавање на MS Office, како и задолжително познавање на англискиот јазик (течен говор и пишување). Предност имаат оние кандидати кои што се школувани во странство и познаваат дополнителен странски јазик (јапонски, француски, шпански или дански). Потребно е кандидатите да бидат подготвени да ги извршуваат своите работни задачи одговорно, совесно, стручно, ефикасно, уредно и навремено. Кандидатите е потребно да бидат проактивни и прилагодливи. Од исклучителна важност за кандидатите е да умеат да работат во тим и да работат под притисок кон крајно утврдените рокови, како и позитивен однос кон работата.

Цел и одговорност на работното место:

1. Советник за анализа на пазари

Вршење на студиско аналитички и стручно административни работи од делокругот на работата на одделението;
Учество во процесот на истражување на економските и пазарни податоци и нивна апликација при изработка на промотивната програма;
Учество во организирањето на посетите и средбите со странски деловни субјекти, домашни министерства, институции и локални фирми;
Учество во подготовка на споредбени анализи на инвестирањето и на климата за инвестирање во земјата и странство и на погодностите и бариерите во инвестирањето;
Учество во подготвување на информации, анализи, извештаи и други податоци неопходни за планирање на промотивните активности;
Учество во процесот на анализа на податоците за странски компании кои би се јавиле како потенцијални инвеститори и во процесот на идентификување на домашните претпријатија кои произведуваат производи кои би можеле да бидат конкурентни на странските пазари;
Соработка со сите институции задолжени за привлекување на странски директни инвестиции, остварува директни средби со потенцијални инвеститори, учествува на меѓународни саеми и слично.

Сите пријавени кандидати имаат еднакви шанси да бидат примени согласно нивните способности, образование, искуство и личен капацитет.

Заинтересираните кандидати потребно е да достават мотивационо писмо и лична биографија (CV) на македонски и англиски јазик, на следната email адреса: invest. office@gs.gov.mk

Огласот е објавен на 04. 03. 2016 година и трае 5 дена.

Напомена: Само апликациите кои ќе ја поминат првата селекција, ќе бидат контактирани. Апликациите на кандидатите кои не ги исполнуваат сите наведени услови, нема да бидат вклучени во селекцијата.