Уште еден натпревар помеѓу вештачката интелигенција и човекот

Уште еден натпревар помеѓу вештачката интелигенција и човекот

Подготвил: Тамара Гроздановски

minato 

 

На 9 март, во Јужна Кореја „Google“ ќе се обиде да создаде историја. Програмата наречена „AlphaGo“, дизајнирана од страна на тимот „DeepMind“ за вештачка интелигенција ќе се натпреварува со Ли Седол, еден од најдобрите „Go“ играчи во светот.


Содол и тимот ќе играат серија на натпревари во текот на пет дена. Ако победи „AlphaGо“, тоа ќе биде најновото совладување на човековите вештини од страна на вештачка интелигенција. Играта „Англиска дама“ падна во 1994 година, шахот во 1997 година и „Jeopardy“ во 2011 година. Минатиот октомври, „AlphaGo“ стана првата програма која победи професионален „Go“ играч; сега ќе се натпреварува со најдобриот играч во светот.

„Ако победи програмата, тогаш дефинитивно тоа ќе биде важна пресвртница“, вели компјутерскиот научник Мајкл Л.Литман од Браун Универзитетот.

Играта „Go“ во 2014 година беше невозможна за компјутерите да ги победат луѓето.

Создадена во Кина пред 2.500 години, играта се чини едноставна - започнува со празна табла. Двајца играчи (едниот користи црни камења, другиот бели), наизменично ги поставуваат камењата во полињата, обидувајќи се да преземат територија без нивните полиња да бидат преземени.

За брзо време играта станува сложена. Постојат 400 можни позиции на таблата после првиот круг на потези во шахот, додека во „Go“ постојат 129.960 позиции. Постојат 35 возможни потези во шахот, а 250 „Go“ позиции.

„AlphaGo“ комбинира два видови на методологии:

1. „Monte Carlo tree search“ - Оваа методологија вклучува избирање на потези по случаен избор и потоа ја стимулира играта до крајот да пронајде победничка стратегија.

2. Длабоки невронски мрежи - Мрежа од 12 слоеви на врски како неврони кои го избираат следниот потег и вредносната мрежа го предвидува победникот во играта.

„DeepMind“ не му постави проценка на „AlphaGo“ за добри и лоши потези. Наместо тоа, неговите алгоритми проучувале база на податоци на онлајн „Go“ натпревари.

„Оваа длабока нервна мрежа е во можност да тренира и да учи илјадници или милиони потези, и да ги извлече овие модели кои водат до избор на одлични акции“, вели компјутерскиот научник Мануела Велосо.

„Google“ го доби „DeepMind“ во 2014 година. Основан во 2010 година од истражувачот Демис Хасабис, мисијата на компанијата е да ја реши интелигенцијата и тврди дека алгоритмите кои ги градат се способни да научат сами од искуството и податоците.