Земји кои треба да ги одбегнувате, според експертите

Земји кои треба да ги одбегнувате, според експертите

Подготвил: Драгана Петрушевска

Експертите за тероризам уште пред една година предупредувале на можни напади во Европа. По последниот напад во Белгија, „Пословни“ објавува листа на 5 земји кои треба да се одбегнуваат поради опасност од терористички напади.


Белгија

Експертите за тероризам ја сместиле Белгија во 5-те земји кои најмногу треба да стравуваат од терористички напади. Година по нивното предупредување, неделава ја започнавме слушајќи за крвав напад во престолнината на оваа држава.

Франција

Џихадистите најмногу терористички напади извеле во Франција изминатата година. Годината започна со нападот на редакцијата на „Шарли Ебдо“ кадешто беа убиени 12 луѓе, а подоцна беа убиени 130 луѓе за време на повеќе напади во главниот град на Франција.

Германија

Германското Министерство за внатрешни работи предупреди пред два месеци дека Германија е цел на напади од џихадисти и насилство. Се претпоставува и дека терористите би можеле и да употребат тактика на повеќекратни напади за да се создаде паника и страв како во Париз.

Велика Британија


Британците кон крајот на изминатата година го зголемија бројот на вработени во сигурносните агенции за 15%. Освен тоа, буџетот за безбедност во авионскиот сообраќај бил двојно зголемен поради заканите од исламистичките милитанти.

Холандија

Холандската полиција се сомневала за присуство на терористички организации во земјата, поради што изминатата година биле приведувани осомничени лица повеќе од порано. Експертите сметаат дека во Холандија сигурно се сместени неколку терористички групи.