Листа на најдобрите студенти кои бесплатно ќе патуваат низ Европа

Листа на најдобрите студенти кои бесплатно ќе патуваат низ Европа

Министерството за образование и наука ја објавува листата на студенти од првите три најдобро рангирани високообразовни установи во Република Македонија, рангирани согласно со Законот за високото образование, кои се стекнале со правото на патување во една од трите светски метрополи: Париз, Венеција или Барселона.

Согласно критериумите наведени во јавниот повик, објавен на интернет страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk, на ден 11.3.2016 година, како и во печатените изданија на дневните весници “Вечер“ и “Коха“ на ден 12.3.2016 година, од вкупно пристигнатите 132 апликации заклучно со 18.2.2016 година, 25 ги исполнуваат условите од повикот и истите се прифатени и одобрени од страна Комисијата формирана за оваа намена.

Кандидатите чијашто апликација е прифатена, односно се наоѓаат на објавената листа, за реализација на бесплатното патување потребно е со Министерството за образование и наука да потпишат договор за регулирање на меѓусебните права и обврски.



Договорот може да се обезбеди на следниот линк и истиот потпишан да се достави до министерството, најдоцна до 15.04.2016 година.

Резултатите може да ги преземете на следниот линк