Оглас за вработување во Македонски Телеком АД Скопје... Отворени се две работни места

Оглас за вработување во Македонски Телеком АД Скопје... Отворени се две работни места

Оглас за ангажирање во Македонски Телеком АД Скопје 
Служба за деловни корисници и технички контакт центар/Секторот за кориснички услуги /Област на Главниот оперативен директор за приватни корисници 

Работно место: Виши Асистент за технички контакт центар – 2 извршители

Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место

Услови:

- Средно или Вишо образование
- 1 години соодветно работно искуство
- Добро познавање на англиски јазик
- Напредни познавања на работа со компјутери, мрежи и апликации,

Работни задачи:

- Давање на информации и технички инструкции за услугите и производите, со цел задоволување на барањата на корисникот.
- Преземање активности поврзани со активирање на Дигитални сертификати
- Едукација на корисници за опрема и услуги.
- Активирање и деактивирање на сервиси и услуги
- Решавање на кориснички проблеми поврзани со Интернет, IPTV или VoIP, со цел овозможување на нивно понатамошно користење.
- Внесување на пречки во апликацијата за внесување на пречки, со цел ескалирање на корисничките проблеми и нивно отстранување.
- Иницирање на појдовни повици кон корисници
   o Со цел информирање за веќе активирани сервиси,
   o Со цел проверка на решените пречки на корисниците, од страна на техничките служби од Компанијата,
- Извршување на повици кон корисници поврзани со проектот “ Незаборавни моменти”, со цел зголемување на задоволството на корисниците.
- Извршување не-говорна комуникација со корисници;
   o Комуникација преку социјални мрежи;
   o Комуникација преку E-mail каналот;
 Комуникација преку факс канал;

Способности и вештини:

Комуникациски вештини, напредни продажни вештини, способности за справување со стресни и конфликтни ситуации, способност за тимска и самостојна работа, исполнителност на работно место, способност за работа во кратки рокови, способност за учење и совладување нови предизвици Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Виши Асистент за технички контакт центар

Огласот ќе биде објавен на ден 05.04.2016 година и ќе трае до 11.04.2016 година.
Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667
Ќе работи со полно работно време од 40 часа во две смени.
Вкупна нето плата е во висина од 15.540,00 денари.

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место. Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.