Проектот на Дарко Божиновски во трка за награда на натпреварот организиран од Државниот секретаријат на САД

Проектот на Дарко Божиновски во трка за награда на натпреварот организиран од Државниот секретаријат на САД

Подготвил: Драгана Петрушевска

Американската асоцијација за развој на науката и Државниот секретаријат на САД организира меѓународен натпревар за технолошки идеи како дел од иницијативата „Global innovation through science and technology“.


На натпреварот „Technology idea 2015“ биле испратени околу 1.000 проекти, од кои 102 се одбрани да продолжат во полуфиналето од страна на комисија од експерти. Еден од полуфиналните проекти е и „Agriculture droned MK“ на Дарко Божиноски. За влез во финалната фаза повеќе не одредува комисијата, туку јавноста.


Имено, гласањето на публиката за проектите трае од до 1 мај, а бројот на овие гласови заедно со претходните поени од комисијата ќе одлучат кои проекти ќе влезат во финалето. Во последната фаза, проектите ќе бидат презентирани на глобален самит за претприемништво кој ќе се одржи во Силициумската долина во јуни годинава.

За да гласате за проектот на Дарко треба да одите ОВДЕ и да се регистрирате со вашата електронска адреса. Може да дадете еден глас на секои 24 часа и можно е да се гласа за еден проект повеќепати.

Проектот на Дарко е решение кое се состои од земјоделски дронови кои би им помогнале на земјоделците во работата со наводнувањето и справувањето со болестите со насадите.

Инаку, Дарко е студент на докторски студии по информатика, учесник на меѓународни натпревари во областа на информатиката и добитник на повеќе награди.

Повеќе за проектот во следното видео.