Охридска банка има потреба од...

Охридска банка има потреба од...

Во услови на висококомпетитивен пазар на труд, особено е важно да стекнете професионално искуство што поскоро, уште додека сте студент. Охридска банка Ви нуди можност за збогатување на Вашето CV преку посетување студентска пракса.

Доколку во моментов сте на завршните години на Вашите универзитетски студии и барате можност да го стекнете Вашето прво професионално искуство во областа на банкарството и финансиите, тогаш нашата Банка е вистинското место за тоа.

Праксата во Охридска банка ќе Ви овозможи да го откриете Вашиот потенцијал и да ја покажете Вашата посветеност. Ќе имате можност да набљудувате и активно да учествувате, да поставувате прашања и да добиете корисни совети од искусни професионалци. На крајот од праксата, ќе добиете сертификат и препорака.

Потребни квалификации:

Да сте студент на завршни години на додипломски студии или постдипломски студии на Економскиот, Правниот или на Факултетот за информатичка технологија;
Да имате солидно познавање на англискиот јазик;
Да имате познавање на MS Office пакетот;
Да имате подготвеност за работа и тимски дух.

Праксата може да биде во траење од два или три месеци и ќе се одвива во деловните објекти на Банката низ Македонија: Скопје, Охрид, Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Ресен, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Гевгелија.

Доколку сте заинтересирани, испратете Ваша професионална биографија во која ќе биде наведен и Вашиот просек, и мотивациско писмо во кое ќе го образложите Вашиот интерес за посета на пракса во Охридска банка на e-мејл: kariera@ob.com.mk најдоцна до 18 мај 2016 година.

Задолжително напоменете во кој град сте во можност да ја посетувате праксата.

Напомена: бројот на практиканти е ограничен и ќе следува процес на селекција. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.