Оглас за ангажирање во Македонски Телеком АД Скопје... Нето плата - 25.742,00  денари

Оглас за ангажирање во Македонски Телеком АД Скопје... Нето плата - 25.742,00 денари

Служба за сегмент маркетинг/ Област на глевен оперативен директор за деловни корисници

 

telekom

 

Работно место: Специјалист за Сегмент на определено време до 01.05.2017 година

 

Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место

 

Услови:

 

- Високо образование - Економски факултет, Технички факултети - Електротехника, Телекомуникации или останати факултети
- 3-5-години соодветно работно искуство
- Напредни познавања на MS Office
- Познавање на структури на кориснички податоци и системи за чување и обработување на кориснички податоци
- Познавање на деловните процеси во бизнис продажбата
- Познавање на телекомуникациски пазар со посебен фокус на бизнис корисници

 

Работни задачи:

 

- Да предлага, развива и применува принципи за сегментација на корисници
- Годишно ажурирање и следење на стратегиската сегментација за покривање на корисничката база со различни продажни канали
- Да ги разрешува прашањата/конфликтите за распоредување на корисниците меѓу деловните центри
- Подготовка на месечни анализи за приходи, број на корисници и други параметри по сегемeнти
- Анализа на сегменти и иницирање на соодветни предлози за подобрување на продажбата
- Тековно следење на успешноста при таргетирање на деловните корисници
- Воведување и управување со моделите за вредност на корисник (сегментација по вредност на корисник)
- Месечно одржување и усогласување на влезните параметри во пресметките за сегментација по вредност на корисник
- Изработка на регуларни и ad-hoc извештаи и презентации по сегменти, канали
- Учествува во подготовка на бизнис извештаи кон раководните структури во компанијата (GMC, BoD, Directors committees, итн.)
- Да извршува и други деловни задачи од делокругот на активностите на организациската единица дадени од страна на претпоставениот

 

Способности и вештини:

 

Добри аналитички способности, добри комуникациски способности, тимска работа, проактивен пристап кон подобрување на постоечките методи на работење, пренесување на знаењето

 

Кандидатот кој ги исполнува горенаведените квалификации треба да достави доказ за завршено образование, писмо за намери и биографија (CV со препораки и дипломи), на македонски и англиски јазик

 

Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Специјалист за Сегмент

 

Огласот ќе биде објавен на ден 11.05.2016 година и ќе трае до 18.05.2016

 

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667

 

Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00

 

Основна нето плата е во висина од 25.742,00 денари и компаниска стимулација од 5.133,00 денари.

 

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

 

Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

 

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.