Оглас за вработување асистент на генерален директор во ТИНЕКС

Оглас за вработување асистент на генерален директор во ТИНЕКС

tinex
ТИНЕКС-МТ има потреба од млади, енергични, претставителни лица со можност за напредок во кариерата за следното работно место во Скопје:

 

АСИСТЕНТ НА ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР - 1 лице

 

Основни задачи и одговорности:

 

• Секојдневно организирање на работниот ден на Генералниот директор
• Комуникација и координација со компаниите и лица со кои соработува Генералниот директор
• Закажување и организација на состаноци на Генералниот директор и менаџментот на компанијата
• Координација, комуникација, контрола и секојдневно учество во работата на погоните за производство во компанијата
• Следење на пазарната позиција на компанијата во делот на сопственото производство и нејзината конкуренција
• Изготвување на редовни извештаи и анализи за тековната работа во компанијата
• Изготвување на извештаи и анализи за продажба
• Комуникација со секторите во компанијата и координирање на истите
• Комуникација и координација со клиенти и големи потрошувачи на компанијата како и следење на соработката со нив

 

Потребни квалификации:

 

• Завршено високо образование
• Соодветно работно искуство ( ќе се земе за предност)
• Одлично познавање на англиски јазик
• Солидно познавање на втор странски јазик (ќе се земе за предност)
• Одлично познавање на Windows и MS Office пакетот

 

Очекувани вештини и способности:

 

• Развиени организациски, лидерски и комуникациски способности
• Самоиницијативност и лојалност во извршувањето на работните задачи
• Ориентираност кон остварување резултати и наоѓање решенија
• Професионален и позитивен однос
• Флексибилност за работа во динамична атмосфера
• Способност за тимска работа
• Способност за работа под притисок

 

Услови:

 

Основна нето плата: 25.000 ден. Работниот однос се заснова на определено време 3 (три) месеци со можност за продолжување на Договорот за работа.

 

Работно време: понеделник – петок 08.00 – 16.00 часот

 

Молба за прием, со кратка биографија (CV), диплома за завршено образование, една фотографија, како и контакт телефон, испратете на следната адреса:Бул. 3-та Македонска бригада бр. 56 Скопје или на е-mail: vrabotuvanja@tinex.com.mk

 

Молбите кои не се потполни нема да се разгледуваат.