Оглас за вработување во ТАВ Македонија

Оглас за вработување во ТАВ Македонија

ТАВ Аеродроми, еден од водечките светски аеродромски оператори, управува со аеродромите Ататурк во Истанбул, Есенбога во Анкара, Аднан Мендерес во Измир, Милас во Бодрум, Газипаша во Аланија во Турција, Тбилиси и Батуми во Грузија, Монастир и Енфидха-Хамамет во Тунис, Скопје и Охрид во Македонија, Медина во Саудиска Арабија и Загреб во Хрватска. Холдингот исто така дава услуги преку свои подружници во други сфери на аеродромските операции вклучувајќи бесцарински продавници, угостителство, прифат и отпрема на воздухоплови, ИТ, безбедност и оператива. Заедно со своите подружници, компанијата услужи повеќе од 102 милиони патници во 2015 година на 780.000 летови преку своите 50.000 вработени.

ТАВ Македонија, Аеродромот ‘Александар Велики’ – Скопје како дел од ТАВ Аеродроми во моментов е во потрага по нов вработен за позицијата:

РЕФЕРЕНТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ, ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА И ЖИВОТНА СРЕДИНА

ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ

Обезбедување, одржување и употреба на опрема за лична заштита;
Организирање и спроведување на периодични проверки на машини, опрема, уреди и инсталации во компанијата согласно важечка законска регулатива од аспект на безбедносни и технички стандарди;
Организирарање и спроведување на редовни контролни прегледи и мерења на штетни влијанија во работна средина согласно законска регулатива и стандарди (физички, хемиски, биолошки, микроклиматски, осветлување итн.);
Препознавање на ризиците согласно извршена анализа за постигнување оптимална контрола и намалување на опасностите од аспект на за безбедност и здравје при работа;
Проценка на спроведувањето на безбедност и здравје при работа;
Развој на потребни контроли за ризици на работното место и опасности по безбедноста;
Соработка со Трудовиот инспекторат во врска со регулативата за безбедност и здравје при работа;
Присуствување на состаноци и давање професионални мислења за работи кои влијаат на безбедноста и здравјето на работното место;
Водење евиденција согласно пропишана законска регулатива за извршени обуки; тестови на опремата за работа; спроведени мерења на физичките, хемиски и биолошки ризици; микроклима и осветлување на работната средина; редовни и периодично медицински прегледи; несреќи на работното место, професионални заболувања и смртни случаи на работното место. Овозможување на спроведувањето медицински прегледи (редовни и периодични) за работниците кои работат под посебни услови;
Излегување на терен и вршење теренски активности, доколку е потребно според обемот на работата;

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ И ЛИЦЕНЦИ
Високо образование (VII Степен) – пожелно Електро-технички факултет;
Положен стручен испит за безбедност при работа од МТСП ќе се смета за предност;
Одлично познавање на англиски јазик;
Најмалку 2 години работно искуство во соодветна област;
Најмаклку 3 години работно искуство;

ВЕШТИНИ
Познавање на законите и подзаконските акти од областа на БЗР ќе се смета за предност;
Способност за следење и брзо учење на Закони, Регулативи и технички информации во соодветната област за БЗР;
Одлични комуникациски и интерперсонални вештини;
Аналитичност и ориентираност кон детали;
Одлично планирање и организациски вештини;
Напредно познавање од Microsoft Office и Информациски Системи;
Одлично познавање на англиски јазик (усна и писмена комуникација);

Сите заинтересирани кандидати своето CV на англиски јазик треба да го испратат на маил адреса: kristijan.petkovski@tav.aero, најдоцна до 25.05.2016.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост.