Оглас за вработување во ОРКА Холдинг... Нето плата - 40.000,00 денари

Оглас за вработување во ОРКА Холдинг... Нето плата - 40.000,00 денари

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Компанијата Орка Холдинг АД Скопје има потреба од:

МЕНАЏЕР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

Интегрирање на HR стратегија во бизнис стратегијата на компанијата со цел постигнување најдобра HR поддршка за бизнисот;
Развивање и имплементација на интерни HR политики и процедури во согласност со важечката законска регулатива, деловната политика на компанијата и глобалните трендови;
Изработување планови за идни вработувања во координација и во зависност од потребите на одделните организациски делови во компанијата;
Планирање, организирање и координирање на процесот на регрутација, селекција и вработување кадар;
Воведување тренинг, развојни и мотивациски програми, буџетирање и следење на истите;
Разрешување на чувствителни ситуации поврзани со вработените и преземање активности за нивно сведување на минимум;
Соработка и советување со менаџментот за сите прашања поврзани со вработените;
Изработување извештаи и извршување на други активности на барање на менаџментот.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:

Минимум пет години работно искуство на иста или слична раководна позиција од областа на човечките ресурси; Стекната диплома од факултет за управување со човечки ресурси, правни или економски науки;
Активно познавање на говорен и пишан англиски јазик;
Одлични комуникациски вештини и висока работна етика;
Одлични способности за планирање, организирање и делегирање;
Точност, аналитичност и ориентираност на детали;
Способност за вертикална и хоризонтална комуникација;
Способност за следење на компаниската политика и процедури на работење;

Пожелно е искуство со тренинг и развој на вработени.

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на договорот. Неделното работно време е од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот.

Минимална основна нето плата за работното место е 40. 000 МКД. Висината на основната плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите за работното место.

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации можатда аплицираат со испраќање кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивациско писмо, на епошта: vrabotuvanje@orka. mk најдоцна до 05. 06. 2016. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.

Дискрецијата на сите апликанти е загарантирана.