Оглас за вработување во ТЕЛЕКОМ, отворени се 2 работни места

Оглас за вработување во ТЕЛЕКОМ, отворени се 2 работни места

Телеком објавува оглас за вработување... Отворени се две работни места 




Виши специјалист за управување со барања


Служба за управување со барања и системски верзии во Секторот за планирање,проектирање и управување со проекти во Област на Главниот директор за техника и ИТ 

Работно место: Виши специјалист за управување со барања 

Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место 

Услови:

- Високо образование - Технички факултет – Технички факултет - Електро- технички факултет (електро- технички инженер) или Природно- математички факултет – Институт за информатика или
- 5 години соодветно работно искуство
- Активно познавање на англиски јазик
- Напредно познавање на MS Office
- Напредни знаења во Project management

Работни задачи:

- Одговорен за целокупното следење на доделените барањата за нови производи и услуги на ниво на компании
- Учествува во подготовките и одобрувањето на функционални барања за доделените барањата за нови производи и услуги на ниво на компанија
- Одговорен за спроведувањето на ефикасен процес за управување со барања, како и да предлага постојано подобрување.
- Координација на процесот за приоритизација на деловните барања, како и да предлага постојано подобрување.
- Класификација на барањето за промени во соодветен ИТ домен и распределба до одговорниот ИТ Раководител;
- Го следи и подобрува системското ажурирање на централниот репозиториум на сите примени барања
- Дава предлози за автоматизација на процесите за управување со барања и системско верзионирање.
- Ја координира подготовката на Извештаи во врска со ИТ/ТА ресурсите и нивното користење.
- Ја координира подготовката на Извештаи во врска со имплементацијата на барањата и нивната реализација.
- Учествува во дефинирањето на KPIs за процесот за управување со барања и врши нивното следење и изготвување извештаи
- Ескалација кон ИТ/ТА Менаџмент во случај на големи доцнења според дефинираните контролни точки
- Одговорен за развојот/одржувањето на процедурите за работа за системско верзионирање.
- Подготовува анализи (регуларни и по барање) за имплементација на деловните барања.
- Учествува во усогласувањето на активностите меѓу одговорните во ИТ и ТА областите како и бизнис областите, со цел да се обезбеди ефективна имплементација на барањата
- Координација на подготвката на краткорочни и среднорочни планови за имплементација на производи, услуги и решенија на компаниско ниво.
- Ги подржува иницијативите/проектите во компанијата за развој и унапредување
- Учествува во коорпоративни проекти на ниво на компанијата и на ДТ Групацијата поврзани со управување со барања и системско верзионирање
- Го истражува пазарот од аспект на подготовка на барања, најдобри политики и анализи на поврат на инвестиции (ROI)

Способности и вештини:

Одлични вештини за анализа и репортирање. добри комуникациски способности, проактивност, аналитичност, способност за решавање на проблеми, отвореност, способност за работа под притисок, висок степен на креативност и флексибилност , тимска работа, широко искуство и способност за планирање и реализација на цели

Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Виши специјалист за управување со барања

Огласот ќе биде објавен на ден 30.05.2016 година и ќе трае до 08.06.2016 година.


Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667 Ќе работи со полно работно време од 40 часа .

Минимумот на предвидената вкупна нето плата со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од 34.008,00 денари

Висината на платата ќе биде определена согласно работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот.

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место. Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.



Виши специјалист за сегмент – производи и пакети на фиксна телефонија


Служба за пост пејд и пакет услуги во Област на Главниот оперативен директор за приватни корисници 

Работно место: Виши специјалист за сегмент – производи и пакети на фиксна телефонија Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место 

Услови: 

- Високо образование - Економски факултет, Технички факултет – електротехника, компјутерски науки и инженерство или останати факултети
- 5 години соодветно работно искуство
- Активно познавање на англиски јазик
- Напредно познавање на MS Office
- Напредни вештини за управување со проекти
- Познавање на телекомуникациските производи

Работни задачи:

- Подготовка на стратегија за сегментот, анализи на пазарот (позиционирање на конкуренцијата, промени на пазарот, однесување на корисниците, куповна моќ на корисниците и др.) и план за комерцијални активности со цел да се постигнат главните финансиски и маркетинг клучни показатели на извршувањето на работата и бизнис планот за сегментот
- Учество во создавањето на годишна програма за производи
- Подготовка на оценка за пазарниот потенцијал за фиксниот сегмент
- Учество во дефинирањето на бизнис план за фиксниот сегмент
- Дефинирање на стратегии за таргетирање на различни под-сегменти
- Идентификување на трендовите на пазарот и на конкуренцијата коишто имаат влијание врз сегментот на корисници на фиксни производи
- Подготовка и/или учество во креирањето на редовни извештаи за високиот менаџмент
- Подготовка на длабинска анализа на однесувањето на корисниците во фиксниот сегмент во врска со одлевањето, користењето и приходите
- Учество во дефинирањето на модел на трошоци за производи во фиксниот сегмент
- Координација на вкрстено функционални проекти и активности поврзани со производите и понудите од фиксниот сегмент
- Вршење на детална квантитативна анализа на базата на податоци, управување со податоци и давање препораки за инпут во однос на маркетинг стратегијата и кампањите
- Подготовка на деловни студии, хармонизација и одобрување на понуди и услуги
- По потреба, го спроведува процесот на управување со животниот циклус на производите:
- По потреба, го спроведува процесот на управување на развој на производи:
o континуирано следење на производите во однос на: нивната продажба/одлевање, карактеристики и придобивки, цена
o По потреба, предлага промени на производите, промени на цените, промоции/кампањи, повлекување
o Утврдува карактеристики на производите/услугите и модел на цени
o Го оценува потенцијалот на пазарот врз основа на внатрешни и надворешни инпути
o Управува со вкрстено-функционалните тимови
o Подготвува продажна стратегија
o Учествува во дефинирањето на маркетинг комуникацијата
o Ги хармонизира понудите со одговорните служби главно во врска со, но не ограничувајќи се само на, регулаторни прашања, финансиски оценки и техничка имплементација
o Следење на процесот на одобрување на понуди
o Подготовка на материјал за опис на производи/услуги за целите на обука на продажните сили
o Подготвува финансиски пресметки

Способности и вештини:

Способност за независна работа, напредни аналитички вештини, напредни комуникациски и организациски вештини

способност за воспоставување и одржување на ефективни работни односи со вкрстено-функционални тимови ориентираност кон корисниците, мотивација од резултати, проактивен пристап, посветеност, тимски дух

Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Виши специјалист за сегмент – производи и пакети на фиксна телефонија

Огласот ќе биде објавен на ден 30.05.2016 година и ќе трае до 08.06.2016 година.


Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667

Ќе работи со полно работно време од 40 часа

Минимумот на предвидената вкупна нето плата со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од 34.008,00 денари

Висината на платата ќе биде определена согласно работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот.

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место. Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.