Оглас за вработување во КРКА

Оглас за вработување во КРКА

КРКА е една од водечките генерички фармацевтски компании во светот со повеќе од 10. 000 вработени. Обезбедуваме добри услови за работа. Го цениме и развиваме знаењето и ја поттикнуваме креативноста.

КРКА ФАРМА Д00ЕЛ Скопје има потреба од:


1 СТРУЧЕН СОРАБОТНИК/ терен град Скопје (на определено време од 9 месеци)


1 СТРУЧЕН СОРАБОТНИК/ терен - Југоисточна Македонија (на определено време од 9 месеци)

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

Високо образование VII степен - Медицински, Фармацевтски и Стоматолошки факултет
Одлично познавање на англиски јазик
Одлично познавање на работа со компјутери
Возачка дозвола Б категорија со најмалку двегодишно искуство
Способност за тимска работа
Одлични комуникациски и организациски способности
Одлучност и самоиницијативност
Подготвеност за работа на терен и отсуство од местото на живеење
Ќе се земаат во предвид само кандидати со место на живеење во регионите наведени во огласот

Пријавените кандидати ќе се селектираат по пат на интервју и тестирање.

Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија со лична фотографија (CV) и писмо за интерес, во рок од 5 дена од денот на објавување на конкурсот, на следната адреса:

КРКА ФАРМА Д00ЕЛ Скопје, ул. „Христо Татарчев1" бр. 101, 1000 Скопје или на email: info. mk@krka. biz