Вработување во Шпаркасе Банка... Нето плата - 33.000,00 денари

Вработување во Шпаркасе Банка... Нето плата - 33.000,00 денари

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ, дел од групацијата Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Австрија, како комерцијална банка на македонскиот финансиски пазар, ги нуди сите современи и високо квалитетни финансиски производи и дава поддршка на физичките и правни лица, со особено внимание кон малите и средни трговски друштва.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за своите потреби огласува слободнa работнa позициja:

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА МИКРО КЛИЕНТИ (правни лица), ДИРЕКЦИЈА ЗА МИКРО КЛИЕНТИ, СЕКТОР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ФИЗИЧКИ ЛИЦА (1 позиција во Битола - за регион Битола и Прилеп, определено време во траење од 6 месеци со можност за продолжување на договорот на неопределено време)

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

- ВСС, Економско образование;
- Најмалку 2 години во банкарското работење, продажба на банкарски производи на правни лица или слични работни позиции;
- Познавање на сите банкарски производи и услуги, одлично познавање, анализа и проценка на бонитетот, финансиските извештаи и останатите финансиски анализи на една фирма;
- Активно познавање на работа со персонален компјутер (MS Office);
- Активно познавање на англиски јазик;
- Возачка дозвола Б категорија.

Опис на работното место/одговорности:

- Активно сервисирање на постоечките клиенти, стекнување на нови клиенти, земајќи го во предвид ризикот, добивката и големината на пласманот
- Идентификација на потенцијални клиенти и развој на стратегија за аквизиција на истите, cross selling
- Следење на наплата. Одговорност за уредно подмирување на обврските на клиентите кон банката
- Одговорност за континуирана проверка на бонитетот на клиентот клиенти, земајќи го во предвид ризикот, добивката и големината на во согласност со дефинираните процедури

Работно време: од 08:30 до 16:30 часот (понеделник – петок), 40 часа неделно. Почетна основна месечна нето плата: 33.000,00 денари.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо со наведување на работното место и доказ (уверенија, дипломи, препораки) за исполнување на условите, по пошта или да ги достават лично документите на адреса: ул.Македонија 9-11, Скопје, најдоцна до 13.07.2016 година.

Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови поткрепени со докази ќе бидат повикани на тестирање и интервју.

Пристигнатите апликации после наведениот рок, апликации пристигнати по e-mail, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.