Оглас за вработување во ТОЈОТА Авто Центар - Скопје

Оглас за вработување во ТОЈОТА Авто Центар - Скопје

Тојота Авто Центар е компанија со странски капитал основана 2000 година. Официјален дистрибутер, дилер и сервисер за Toyota i Lexus возилата на територија на Р.Македонија. 

За успешно функционирање на оваа целина, потребна е тимска работа на амбициозни, позитивни луѓе кои ја сакаат својата работа и веруваат во она што го нудат. 

ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР ДООЕЛ СКОПЈЕ
објавува оглас за

РАКОВОДИТЕЛ НА ЛИМАРО- ФАРБАРСКИ СЕРВИС

Работни задачи и одговорности
Проценка на штети и изготвување на понуда
Следење на возилата во процесот на работа и изготување на работни налози
Предавање на поправеното возило со спроведување на процедурата
Учество во правење нарачки и контрола на залихи од материјали
Координација и контрола за уредност и хигиена во сервисот
Истражување на пазарот и следење конкуренција
Соработка со осигурателните компании како најголеми клиенти
Следење на законските регулативи за здравје и заштита при работа
Следење на показателите за перформанси-КПИ
Гаранции од производителот
Организација на дневен, неделен и месечен распоред на работата
Грижа и градење на релации со клиенти, решавање забелешки
Евидентирање и следење на ефикасност, продуктивност и утилизација на сервисот

Потребни квалификации
Минимум ССС
Работно искуство во автомобилскиот сектор предност во пост-продажба
Познавање на работа со компјутер
Возачка дозвола Б категорија
Познавање на англиски се смета за предност

Способности
Комуникативност, динамичност, лидерство, организација
Работа во динамични услови со рокови, продавачки вештини
Личност насочена кон континуиран развој и резултати

Испратете свое CV и мотивационо писмо на e-mail: info@toyota.com.mk со назнака “РАКОВОДИТЕЛ НА ЛИМАРО- ФАРБАРСКИ СЕРВИС “.

Напомена:
САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. Апликациите без назнака НЕМА да бидат разгледани!