Планети во нашиот сончев систем за кои не сте слушнале

Планети во нашиот сончев систем за кои не сте слушнале

Подготвил: Драгана Петрушевска

Изминатиот месец, астрономите ја известија јавноста за откритие на нова џуџеста планета во близина на орбитата на Нептун. Таа била именувана привремено како 2015 RR245, а не се знае многу за неа. Се' додека луѓето не направат помоќни телескопи, ова може да биде последната џуџеста планета во нашиот сончев систем која ќе ја набљудуваме. Но, тоа е во ред бидејќи има уште четири откриени планети кои кружат околу нашето Сонце за кои веројатно не знаете.



Ерис

Ерис била откриена во 2005 година. Се веруваше дека таа е поголема од Плутон и се наоѓа во нејзина близина, но беше докажано дека е помала од Плутон, но е потешка од неа. Ерис има една месечина, а оттаму, Сонцето изгледа како светла ѕвезда и ништо повеќе.


Хаумеа

Хаумеа се наоѓа во Кајперовиот појас и била забележана првпат во 2003 година. Оваа планета претставува едно од најбрзо ротирачките тела во сончевиот систем. Таа има две месечини и е светла како снег. Се претпоставува дека дури 80% од нејзината површина е покриена со мраз.


Мокимоки

Оваа планета, исто така, се наоѓа во Кајперовиот појас и се класифицира како џуџеста планета. Оваа планета има ден кој трае 22,5 дена, а годината таму трае 310 наши денови. Таа нема атмосфера, поради што астрономите мислеле дека е ѕвезда.


Церес

Многумина веројатно слушнале за Церес. Таа беше откриена пред неколку месеци. Но, мистеријата околу неа останува и денес. Таа е џуџеста планета во Астероидниот појас. Таа е најголемо тело во појасот. НАСА изјави дека ќе ја продолжи мисијата која ја откри планетата за да ја набљудува подобро.