Мартин Саздов со тимот заработи 3.4 милиони долари во турнир на играта Dota2

Мартин Саздов со тимот заработи 3.4 милиони долари во турнир на играта Dota2

dota

 

Мартин Саздов е еден од најдобрите играчи  „Dota 2“ играчи во светот. Тој заедно со неговиот американски тим „Digital Chaos“ беше дел од натпреварот „Dota 2 International 2016“, огромен настан на кој се собираат најдобрите гејмери од цел свет и се натпреваруваат за повеќе од милион долари.


Саздов заедно со неговиот тим „Digital Chaos“ стигнаа до големото финале кое се одржуваше во Сиетл. Во финалето изгубија со 3:1 од тимот „Wings“, меѓутоа и второто место претставува неверојатен успех.

Наградниот фонд на годинешниот турнир надминуваше 20 милиони долари - победничкиот тим заработи 9.1 милиони долари, а тимот на Саздов заработи 3.4 милиони долари.


Саздов е првиот Македонец кој се натпреварува на овој турнир.