Оглас за вработување на 10 (десет) продажни консултанти за директна продажба во Р3 Инфомедиа во партнерство со Македонски Телеком

Оглас за вработување на 10 (десет) продажни консултанти за директна продажба во Р3 Инфомедиа во партнерство со Македонски Телеком

r3-infomedia

По исклучително успешниот почеток на кампањата за директна продажба на производи и услуги на Македонски Телеком во Скопје,

Р3 Инфомедиа, фирмата креатор на брендовите Златна книга и Маркетконект за проектот кој го реализира во партнерство со Македонски Телеком вработува дололнителни:

10 ПРОДАЖНИ КОНСУЛТАНТИ ЗА ДИРЕКТНА ПРОДАЖБА, и тоа:

• 2 (два) продажни консултанти за Куманово (за 1 кандидат познавањето на албански јазик ќе се смета за предност)
• 2 (два) продажни консултанти за Тетово (за 1 кандидат познавањето на албански јазик ќе се смета за предност)
• 1 (еден) продажен консултант за Гостивар - познавање на албански јазик ќе се смета за предност
• 1 (еден) продажен консултант за Охрид
• 1 (еден) продажен консултант за Скопје, регион Чаир - познавање на албански јазик ќе се смета за предност)
• 3 (три) продажни консултанти за Скопје (регион Карпош и Лисиче)

Опис на работни обврски и одговорности:
• Директна продажба на производи и услуги на Македонски Телеком на домаќинства, по принципот D2D - врата до врата;
• Презентација, преговарање и склучување на договори;
• Следење и грижа за клиентите за реализација на договорот;

Идеални кандидати се:
• Динамични и мотивирани личности со желба за професионален успех;
• Фокусирани кон остварување и надминување на зададените продажни цели на дневно ниво;
• Личности со добри комуникациски и преговарачки способниости;
• Способни за индивидуална и тимска работа;
• Со познавање од областа на компјутерско работење (MS Office)

Ви нудиме:
• Обука за продажба од ТОП професионалци и понатамошно усовршување;
• Можност за надпросечна заработувачка базирана на лични перформанси;
• Можност за понатамошна кариера во една од најпрофитабилните компании во Македонија.

Доколку сакаш да станеш дел од успешен продажен тим составен од професионалци, испрати твое CV на konkurs@zk.mk најдоцна до Четврток 08-ми септември.

Важна напомена: Локацијата на извршување на работите се однесува за градовите за кои се бараат кандидатите (Куманово, Тетово, Гостивар, Охрид, Скопје)