Најуникатниот начин за тоа како да одложиш испит

Најуникатниот начин за тоа како да одложиш испит

Подготвил: Б.Б.

Тинејџер од Шри Ланка ја хакирал веб страницата на претседателот на државата, за да издејствува нов термин за испит.

Тинејџерот ја пробил веб-страницата на претседателот со цел да побара одложување на испитот закажан во април 2017 година, бидејќи се совпаѓа со прославата на Синхала, хиндуистичката Нова година, поради што побарал од претседателот да подразмисли за нов термин на спроведување на тестирањето.

Зад настанот стои група која себеси се нарекува “Младината на Шри Ланка”, во чие име настапил тинејџерот.
Групата “фрлила” ракавица за сајбер војна, со тоа што ги предупредила властите да обезбедат подобра заштита на веб-страниците во Шри Ланка или ќе се соочат со натамошни напади преки интернет.
Во пораката, меѓудругото, пишувало: “Ако не можете да ја контролирате ситуацијата, спроведете нови претседателски избори”, исто така, повикувајќи го претседателот да го запре несовесното работење на премиерот, кој не покажал интерес за проблемите на студентите.

Откако хакерскиот напад бил забележан, страницата била привремено недостапна, по што откако ја вратиле во функција, се случил и втор “напад”, но овој пат без пропратна порака.     
Веб страниците на институциите во Шри Ланка се често мета на хакери, поради што се поставува прашањето колкав е степенот на заштита на официјалните страници на првите луѓе во државата, ако може да ги пробие еден тинејџер.

Наместо да издејствува одложување на испитот, тинејџерот бил уапсен и подложен на распит во полицијата, со цел да се откријат и други можни мотиви за нападот на претседателската веб-страница. 

Хакирање