Оглас за вработување на професор по англиски јазик во Нова

Оглас за вработување на професор по англиски јазик во Нова

Имаме потреба од посветен едукатор/координатор, да работи со нашите ученици како поддршка во образовниот процес (особено за читање и пишување) кој ќе користи најмодерен педагошки пристап.

 

nova

 

Обврски

 

- Поддршка на пристапите за учење и водење грижа за нивна имплементација, во согласност со мисијата на училиштето.
- Постојан развој и споделување на стручните знаења од областа на учењето на учениците на кои им е потребна помош и давање поддршка која е заснована на истражувања.
- Соработка со професорите за адаптација на содржината и методите за пристап.
- Индивидуална работа со учениците на кои им е потребна поддршка, организирање на различни тимски и родителски состаноци, пишување, имплементација и мониторинг на индивидуални образовни планови (IEP) и севкупна поддршка на учениците.
- Известување на сите лица кои се вклучени во процесот, во училиштето и надвор од него (родители).
- Да биде во тек со најновите информации за образование, учење со поддршка и еднакво вклучување на сите ученици.
- Да го оценува и да дава информации за процесот на учење, да го адаптира педагошкиот пристап и/или наставната програма и да го следи севкупниот развоен процес.
- Да креира индивидуални наставни програми кои се фокусирани на развојот на јазиците, природните науки, општествените науки и математика.
- Да користи соодветни техники и методи за да дава постојани информации за развојот и прогресот на ученикот (извештаи, состаноци за IEP).

 

Неопходни вештини и квалификации

 

- Високо образование (педагошко-воспитна насока) – пожелно тоа да биде насока Англиски јазик и литература.
- Одлично познавање на англиски јазик (устен и пишан).
- Високо ниво на организациски и комуникациски способности.
- Ентузијазам и посветеност на сопствениот професионален развој.
- Способност за работа во динамична средина.
- Залагање за вклучување на учениците на кои им е потребна поддршка во наставата

 

Заинтересираните кандидати можат електронски да ги достават следниве документи: апликација (со назнаката за позицијата за која што аплицирате), CV на англиски јазик и уверение за завршено образование на следнава интернет адреса info@nova.edu.mk. Краен рок за поднесување на наведените документи е среда, 14 септември, 2016. Кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг, ќе бидат дополнително известени и повикани на интервју.