Цукерберг одвојува 3 милијарди долари за борба против болестите

Цукерберг одвојува 3 милијарди долари за борба против болестите

Подготвил: Марта Димитров

Марк Цукерберг во април годинава најави дека сака да помогне во лекување на сите болести до крај на овој век. Во негово обраќање на 22 септември, најави сума од 3 милијарди долари за таа цел.

цукерберг на сцена


Во ова тој е поддржан од сопругата Присцила Чан, а иницијативата ќе се нарекува „Чан Џукерберг наука“ (Chan Zuckerberg Science). Целта на основачот на Фејсбук е лечење, превенција и справување со сите болести во текот на животот на нашите деца. Неговата сопруга потенцира:

„Сакаме значително да го подобриме сечиј живот во генерациите на Макс, нашата ќерка, и сакаме да бидеме сигурни дека нема да пропуштиме ниедна душа.“

Оваа иницијатива според најавите на Цукерберг ќе ги соедини научниците и инженерите, ќе се стреми кон креирање алатки за да се „овластат“ луѓе во цел свет и ќе се промовира движење за да се финансира науката на глобално ниво. Најавениот буџет за оваа цел се планира да се распореди во следната деценија.

Biohub е првиот голем проект во вредност од 600 милиони долари. Во овој нов истражувачки центар ќе биде лоциран во Сан Франциско, а научниците што ќе работат таму ќе се фокусираат на 2 главни проекта: Cell Atlas ќе ги испитува клетките што ги сочинуваат главните органи, а иницијативата за инфективни болести ќе се фокусира на тертирање на вируси како ХИВ или Зика.

За иницијативата Цукерберг нагласува дека целта е единствено борбата против болестите.

„Можеме ли да ги лечиме, превенираме или да се справиме со сите болести во животниот тек на нашите деца?“ Прашува тој. „Ова е голема цел,“ продолжува со одговор прашањето. Иницијативата ќе биде предводена од невробиологот Кори Баргман, кој во проектот ќе биде носител на позицијата „Претседател на наука“.