Најубавите национални паркови во Европа

Најубавите национални паркови во Европа

Подготвил: Б.Б.

Избор на Гардијан за 2016 година.

Непознати и волшебни: десетте најубави национални паркови во Европа што, најверојатно, никогаш не сте ги посетиле.


Гран Парадизо (Италија) – ова е најверојатно најастарото заштитено алпско подрачје. Богато е со планини од 800 метри до врвот Гран Парадизо што се наоѓа на 4061 метар надморска височина.

Гран Парадизо

Триглав (Словенија) – единствениот словенечки национален парк. Изобилува со питорескен пејзаж. Се наоѓа на територијата на Јулиските Алпи, а името го добил според највисокиот врв, Триглав, со 2864 метри надморска висина.

Триглав

Оуланка (Финска) – најпосетениот национален парк во Финска, со 80 километри недопрена шума и најпознатата патека Кархункиерос.

Оуланка

Пенеда Гереш (Португалија)
– најголемата португалска природна атракција и прв национален парк. Во него живеат разни животински видови, меѓу кои и автохтоната раса кучиња, Castro Laboreiro.

Пенада Гереш

Саксон (Швајцарија/Германија)
– карпесто подрачје што се издигнува до 2000 метри височина. Мостот на фотографијата е изграден во 1824 година, за посетителите да можат да уживаат во спектакуларниот поглед.  

Саксон

Сарек (Шведска) – најголемиот национален парк во Шведска, карактеристичен по нерамниот терен, каде што се наоѓаат 100 леднички езера во апсолутна изолација. Посетителите мораат да бидат храбри и да имаат изострено чувство за ориентација. Ова е место измислено за авантуристички типови луѓе.

Сарек

Калкалпен (Австрија) – овој парк ја носи титулата „најбогато шумско подрачје“ во Централна Европа. И покрај импресивната убавина, паркот им е речиси непознат на туристите.

Калкалпен

Раго (Норвешка) – еден од 44 национални паркови во Норвешка. Предвидува активности на отворено, има означени патеки со мрежи и планинарски домови за сместување.

Раго

Порт Крос (Франција) – најстариот француски национален парк. Таму можете да отидете на прекрасно подводно патување, благодарение на бродот Aquascope со проѕирен труп и да уживате во бујната вегетација, заливите, камените гребени, флора и сè друго што е типично за Медитеранот.

Порт Крос

Ордеса (Шпанија) – богат со реки и долини, го карактеризираат места со невидена убавина. Тука се наоѓа и водопадот „рибја опашка“, висок 1700 метри.  

Ордеса