Најцитираниот српски професор: Оној кој седнува на катедра, прозива и веднаш запишува, тој не е професор

Најцитираниот српски професор: Оној кој седнува на катедра, прозива и веднаш запишува, тој не е професор

Подготвил: Маја Пероска

“Професорот мора да стане, ако може, да го води часот и да каже : Ајде, деца, да видиме што работевме минатиот пат. Така што оној што не знаел, вака ќе научи и така се обновува лекцијата. Многу зависи и од учителите и професорите. Тие не треба да бидат во центарот на вниманието, туку да набљудуваат и да ја препуштат иницијативата на учениците. Бидејќи тоа е вистинско образование, а тоа се вистински ученици“, вели професор д-р Стојан Раденовиќ кој се наоѓа на листата “сто највлијателни научни умови од светот во 2015-та година“.

 

 

 

Порталот nedeljnik.rs направи интервју со Професорот Стојан Раденовиќ. Го пренесуваме во целост.

Професорот Стојан Раденовиќ вели дека тоа што се наоѓа на оваа листа нишно не значи. Во моментов е заминат во пензија од Машински факултет при Белградскиот Универзитет, каде што предавал. Своевремено бил наставник и во Четиринаесеттата гимназија, како и во Природно-математичкиот факултет во Крагуевац.

 

Тој вели дека и ден денес, секој ден, секој час си се занимава со математика. За да решава математички проблеми, потребни му се само парче хартија и пенкало, а доволна е дури и прошетка.

 

Неговите научни трудови се цитирани во светот – речиси над 3.300 пати, објавувани се во околу 40 светски списанија и печатени се околу 250 од неговите трудови. За него, тоа се само бројки, а самиот умее да каже дека математиката е тешка дури и за математичарите, бидејќи не ја знаат нејзината суштина. Тој смета дека математиката е многу повеќе од само математика, туку дека во неа е содржана и животната филозофија. Професорот остро се противи на мислењето дека тој што не ја разбира математиката, треба да биде работник од најнизок ранг. Најчесто е на страната на децата и вели дека најдраго му било кога токму децата ќе му го постават прашањето кое тој не го знае. Во продолжение прочитајте го интервјуто со овој искусен професор, за Nedeljnik.rs.

 

Прашање : Што е математика?

 

Одговор : Ова сум го слушнал од мој професор, иако нема остра поделба. Имате интелектуална активност која се дели на уметност, наука, филозофија и математика. Математиката е над сите нив – формален систем, а не наука. Иако во математиката можеме да добиваме нови тврдења, теореми и ставови, тие што веќе постојат не можат да не важат повеќе. Додека во биологијата или медицината денес имате нешто, а тоа од утре не се применува, со напредокот на науката, математиката е сржта на рефлексијата.

 

Прашање : Не ги цените општествените науки?

 

Одговор : Напротив, јас многу ги ценам општествените науки. Огист Конт е основач на социологијата во 19 век, но малкумина знаат дека тој бил математичар. Секогаш постоела идеја да се проучува човечкиот вид и општетсвото и затоа и настанала социологијата. Науката е една, но математиката придонела да навлезам што подабоко и критички да набљудувам. Што е математички парадокс? Главното прашање е зошто човештвото е такво какво што е , а морате да признаете дека не е добро. Парадоксот е што луѓето дозволуваат да има војна било каде, а потоа ги бараат и судат воените злосторници.


Прашање : Каква врска има тоа со математиката?

 

Одговор : Математиката ве тера длабоко да размислувате и анализирате. Човечкиот вид и природата се создадени и се во постојан судир, но тие судири се услов за напредок. Војните и убивањата се услов за опстанок на светот. Дури и во сиромашните земји како и во богатите, луѓето на институтите смислуваат подобри оружја. Математичарите и физичарите на крајот ја решија Втората светска војна. Природата не создала како многу користољубиви, а користољубието се рефлектира на наразлични начини кај секој од нас.

 

Прашање : Старите грчки филозофи сметале дека државата треба да ја водат филозофи. Дали вие мислите дека треба да владеат математичари?

 

Одговор : Не. Не сметам дека сум нешто извонредно, иако сум математичар, ниту пак правам некои епохални работи. Јас само работам и уживам во тоа. Денес е различно. Кога јас почнав да се бавам со математика, се беше бесплатно, дури добивавме и стипендии и можевме да си дозволиме да купиме многу различни работи. Но зависи како гледате на работите – променети се условите за живот и интересите на младите. Со технолошкиот напредок, информацијата е достапна секогаш. Не дека ние немаме доволно научници, не знам зошто владее тоа мислење. Мислам дека многу зависи и од професорите и учителите. Тие не треба да бидат во центарот на вниманието, туку да ја препуштат иницијативата на учениците и студентите.

 

Прашање : Дали се виновни професорите кога децата не ја разбираат математиката?

 

Одговор : Делумно се тие виновни. Децата кои се втора година гимназија, кад ешто учи и мојата постара внука, имаат секој ден по седум часови, а само еден ден по шест, но тој ден че имаат класен час. Јас не се сеќавам дека сум имал толку многу часови. Тоа е преголемо оптоварување и они ќе се потрошат премногу пред да прераснат во возрасни луѓе. Ќе се потрошат заради големиот напор. Јас се залагам за помек пристап. Не мора да се биде ригорозен. Треба децата да докажат сами некои работи. Да појаснам : земете за пример некое дело на Моцарт и Бетовен и барајте сите да го зиведат – тоа е бесмислено. Но, на факултетите немаат мек пристап. Сакаат ригидност. Да го “набубаат“ материјалот и да со напор да го кажат, или не им дозволуваат на студентите да го разберат концептот и затоа немаат научен резултат. Тука нема педагогија. Мора да бидете со љубов и почит поставени кон младите и најпрвин да бидете учител.

 

Прашање : Се согласувате ли со новиот притап родителите да се мешаат во образованието на децата и оценувањето?

 

Одговор : Тоа е бесмислица. Во мое време родителите воопшто не доаѓаа на училиште. Сега гледам дека родителите се постојано присутни и разговараат со наставнциите па дури и имаат и пријателски однос.  Четириесет години работам и нема поголема среќа од тоа да работите со млади лица кои понекогаш ќе ви се насмеат. Тој кој не умее тоа да го прифати и е суров кон учениците, тој е полуинтелектуалец.

 

Прашање : Во што ви помогна математиката во животот ?

 

Одговор : Прво математиката ме направи подобар човек. Ме натера да разбирам, да ја немам суетата, зависта и алчноста. Резултатите кои ги дава математиката се одлични за иднината.

 

Прашање : За што денеска треба да им се помогне на младите?

 

Одговор : Сведоци сме на постојани реконструкции во образованието. Но промената мора да биде постепена, а не се да се менува одеднаш. Нашето образование со сите негативности всушност, не е лошо бидејќи неговиот почетен концепт од 19-от век е базиран на француско-германски концепт. Кај нас е проблем тоа што се воведуваат нагли промени. Доволно е до осмо одделение децата да имаат три пати неделно математика и тоа по еден час. Но математичкиот еснаф тоа не би го дозволил. Тие се борат за максимум.

 

Прашање : Верувате ли во иднината на нашата наука?

 

Одговор : Секако дека верувам. Тука нема враќање назад.