Пивара Скопје вработува! Бруто плата 58.000,00 денари

Пивара Скопје вработува! Бруто плата 58.000,00 денари

ПИВАРА СКОПЈЕ објавува оглас за работното место 

МЕНАЏЕР ЗА ВОДЕЊЕ ЗАЛИХА

Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи и наменски обуки.

Што е тоа што бараме:

• Висока стручна подготовка ВСС
• Најмалку 1 година работно искуство во областа магацинското работење и раководење со залиха на материјали
• Искуство во раководење со тим или работа на проект
• Одлично познавање на SAP софтверскиот систем во областа на синџирот на набавки ќе се смета за предност
• Мотивација за работа во динамична работна околина и работа во тим
• Добри организациски способности
• Способност за работа во кратки временски рокови и работа под притисок
• Одлично познавање деловен англиски јазик
• Одлично познавање MS Oce (Excel, Word, Power Point)

Краток опис на основните одговорности:

Раководи со надзор и управување на движењето и следење на движењето на стоките и на локација во компанијата и транзит на стоки, репроматеријали, полупроизводи и готов производ, направени и во сопственост на Пивара Скопје.

• Одговорен за обезбедување ефикасност и ефективност на снабдување, испорака и складирање суровини, репроматеријали и производи, посветен кон тоа да се задоволени сите стандарди за квалитет.
• Го раководи процесот за проверка и го надгледува движењето на материјалите на локација, а наедно ја следи евиденцијата на резервите на материјали.
• Развива процедури и политики за раководење и следење на резервите на материјали и оптимизирање трошоци.
• Управува со одговорноста за точност на инвентарот. Обезбедува подготвеност и достапност на материјали за производство и продажба секогаш кога е тоа потребно.
• Обезбедува внатрешна контрола на статус на залиха и дали е таа доволна да го поддржи процесот на производството.
• Одобрува и подготвува дневни извештаи со цел да обезбеди клучните области да се под контрола и во рамките на планираното.
• Работи во согласност со политиките и постапките на продажбата на компанијата.
• Работи исклучиво според и во согласност со барањата на компанијата и стандардите за квалитет.
• Тесно соработува со тимот за продажба и информира за точното ниво на залиха, а она од што нема залиха, го менува успешно со друг достапен производ.
• Соработува со Финансискиот сектор при одржување попис на материјали во магацините.
• Ги поддржува внатрешните и надворешните клиенти исклучиво и според компаниските стандарди и процедури.
• Раководи тим и се грижи за развојот на знаењата и на потенцијалот на членовите на тимот.
• Воведува иновации со цел подобрување на секојдневните процеси и на заемната меѓусекторска соработка.

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа, од 07:00 до 15:00 часот.

Основната бруто-плата за ова работно место е 58.000 МКД. Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од максимум 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со испраќање на оваа Ваша апликација давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Како да се аплицира:

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:
• да испратат свое CV (на англиски и на македонски јазик) на следната e-mail адреса: recruitmentteam@pivaraskopje.com.mk или по пошта на следната адреса: Пивара Скопје AД, ул. 808 бр.12, 1000 Скопје, со назнака:

До Секторот за човечки ресурси, „Менаџер за водење залиха“, најдоцна до 05.12.2016 год.

Апликациите што ќе пристигнат по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.