Дали Кока Кола навистина го измисли ликот на Дедо Мраз онаков каков што го знаеме?

Дали Кока Кола навистина го измисли ликот на Дедо Мраз онаков каков што го знаеме?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Велиме дека божиќните и новогодишните празници започнуваат тогаш кога на телевизија ќе се појави рекламата на Кока Кола. Препознатливата музика, сите среќни и весели, камионот кој патува низ снегот и на крајот Дедо Мраз кој намигнува (но не и оваа година).

 

дедо


Луѓето отсекогаш мислеле дека оваа компанија црвено-белото препознатливо лого уште од почетокот на 20-от век го преточила во костумот на Дедо Мраз.

Но, дали е навистина така?

Првиот познат цртеж од Дедо Мраз во црвен костум со бело крзно настанал во 1881 година, а го нацртал Томас Наст.

Ликот на Дедо Мраз потекнува од христијанскиот светец Никола. Секуларниот лик Дедо Мраз настанал за време на протестантската реформација, започната во британско колонијална Америка. Американската верзија на Дедо Мраз настанала во тогашниот Њу Амстердам според холандската верзија на христијанскиот светец под името Синтерклас. Низ историјата Дедо Мраз бил прикажуван во различни форми - од висок слаб човек, па се' до мал трол со застрашувачки изглед.

 

2


Токму цртежот на Томас Наст Кока-Кола го искористи за својата божиќна реклама во „The Saturday Evening Post“ од 1920 година. Сепак, тие сметале дека ликот не бил доволно радосен и весел, па неколку години подоцна, во 1931 година кога започнала популаризацијата на рекламите во магазините, го ангажирале илустраторот Хадон Сундблом.

Сундблом како модел го искористил својот сосед, а после неговата смрт илустраторот сам си служел како модел. Токму неговиот цртеж го популаризирал ваквиот Дедо Мраз, поради што и се проширила гласината дека го измислила Кока-Кола.