Ќе добиеме ли нова сезона од една од најдобрите крими-серии во последно време

Ќе добиеме ли нова сезона од една од најдобрите крими-серии во последно време

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Мини-серијата „Мер од Исттаун“ на Ејч-би-о е една од најдобрите криминални серии што се појавија во последниве години. Кога се појави, во 2021 година, постигна одлична гледаност, како и одлични критики. Потоа ги освои телевизиските награди, вклучувајќи четири награди „Еми“. 

Да потсетиме, приказната ја следи Мер, која ја игра Кејт Винслет, детективка од мал град. Таа се обидува да ги одвои својот професионален живот од приватниот додека истражува смрт на тинејџерка мајка. Кога мини-серијата заврши, многу обожаватели ја изразија својата желба за втора сезона. Сепак, крајот на првата ја отвори можноста за тоа, но креаторите и Кејт Винслет цврсто тврдеа дека „Мер од Исттаун“ била наменета за мини-серија. Но сега се појавуваат информации дека ќе има и втора сезона. Еве што е познато.

Дали се знае кога ќе почне снимањето?

Се водат разговори за оживување на серијата. Создавачот Бред Ингелсби, Крег Зобел и Кејт Винслет наводно се во преговори веќе подолго време. На еден прес Винслет рече дека се дискутира за тоа кога серијата би можела повторно да се снима.

Кога ја прашаа кога мисли дека снимањето на втората сезона би можело да почне, таа рече дека најверојатната опција е 2027 година. 


„Проклето добра“ приказна

Пред неколку години, кога во едно интервју беше прашана и за можноста за втора сезона, Винслет рече дека би се вратила само ако приказната е „проклето добра“. Се чини дека е така! Други информации за втората сезона на „Мер од Исттаун“ моментално се непознати. Запомнете, Винслет игра детективка која истражува случај на убиство, па новата сезона би можела да нè запознае со ново злосторство. Покрај Винслет, можеме да ја очекуваме и Џулијан Николсон како најдобрата пријателка на Мер, како и Џин Смарт во улогата на дрската мајка на Мер. Ангури Рајс би можела да се врати во својата улога како ќерката на Мер.

 

Извор: journal.hr

Фото: YouTube screenshot