Во градинка не игра со ниедно дете, цело време ја држи учителката за рака и ја моли да ни се јави да ја земеме... Што да направиме?
Ќерка ми има речиси 3 години и можам да ја опишам како многу паметно девојче, разбира и зборува уште од првата година, но исто така е и дете што бара премногу внимание. Хиперактивна е и многу поврзана со мене од самото раѓање. Годинава ни се родија уште две ќерки близначки и имавме малку тешкотии при прифаќањето на новите членови, но веќе се помири со новата ситуација дома и почна да игра со сестричките. Ја пуштивме во градинка во септември и оттогаш почна да покажува многу голем отпор кон мене и татко ѝ. Воопшто не нѐ слуша, не дозволува да ја бањам јас, ниту да ја заспивам, ниту храна да понудам, комплетно се промени и се насочи кон бабите и дедовците. Штом ќе дојде време за спиење, оди да спие кај нив, што порано не беше случај. Ја анализирав одреден период и сфатив од разговор со неа дека бега да спие кај баба и дедо поради тоа што мисли дека нема да оди во градинка. Веќе три месеци ја носиме и сме упорни, но кај неа нема некои значителни промени. Во градинка не се заигрува со ниту едно дете, цело време ја држи учителката за рака и ја моли да ни се јави да отидеме да ја земеме. Обично е многу дружељубива, сака деца и сака да си игра, но кога сме присутни ние. Во градинка покажува многу голем отпор. Дали е нормално ова и како да постапам во ваква ситуација.? Имам чувство дека го губам авторитетот врз детето.
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк