Во оваа земја паѓа најмногу снег во светот
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Според статистиките на „Акјуведр“, дури три јапонски града со над 100.000 жители се меѓу најснежните места во светот, пред Канада, Русија, Норвешка и други традиционални снежни дестинации.
Најснежниот град - Аомори
Аомори, главниот град на истоимената префектура на најголемиот јапонски остров, во просек годишно добива 7,9 метри снег. Дебела снежна прекривка го прекрива градот од ноември до април, а тротоарите стануваат сè повисоки како што се отстранува снегот од патиштата.
Сапоро и неговиот зимски фестивал
И во Сапоро има огромни наноси на снег, просечно 4,85 метри годишно. Токму тука се одржува познатиот зимски фестивал „Јуки Мацури“, каде што се изложени големи скулптури од снег и мраз.
Други снежни региони
Во Тоиама, на брегот на Јапонското Море, годишно паѓа околу 3,6 метри снег.
Зошто паѓа толку многу снег во Јапонија?
Метеоролозите објаснуваат дека причината е уникатната комбинација на клима, море и планини. Студениот воздух од Сибир во зимските месеци се движи кон исток, поминувајќи преку Јапонското Море. Поради тоа што морето е потопло од воздухот, се создаваат облаци кои „удираат“ во планините. Воздухот се лади и влагата се претвора во снег, кој понекогаш паѓа без престан повеќе денови.
Светски рекорд за снежна покривка
Јапонија го држи и светскиот рекорд за најголема длабочина на снег. На планината Ибуки во февруари 1927 година паднале 11,82 метри снег, рекорд кој не е надминат речиси сто години.
Извор:
Nezavisne.com
Фото:
Reddit