За најдобрата студентка на ПМФ, разговор со ИТ-експертот Лазе Јанев, протоколи за безбедност во училиштата... Што пишувавме неделава?
„Со технологиите што ги создаваме ја креираме иднината во која нашите деца ќе живеат по дифолт“: Интервју со Лазе Јанев, архитект за решенија во „Dynamics 365“
Еден од организаторите е македонскиот ИТ-експерт Лазе Јанев. Тој е архитект за решенија во „Dynamics 365“ со повеќе од 15 години искуство во релевантни технологии на „Мајкрософт“. Дизајнирал, развил и поддржал многубројни имплементации на Dynamics 365 на глобално ниво. Неговата работа вклучува дефинирање стандарди, водење тимови, интегрирање ERP решенија и имплементација на Dynamics 365 for Finance и Operation проекти.
Еден од најуникатните универзитети во Словенија, кој им нуди на своите студенти можност да извлечат најмногу од своите студии, е малиот, бутиков универзитет – Универзитетот во Нова Горица. Тој е интернационално ориентиран универзитет кој се наоѓа во Западна Словенија, на границата со Италија. Градот Нова Горица е навистина извонредно место за студирање бидејќи заедно со соседниот италијански град Гориција формира една заедничка, безгранична конурбација и дури делат заеднички плоштад.
„Она што сакам да го работам и истражувам, можам да го направам само во Македонија“ , вели Душица Брачиќ, дипломиран етнолог и антрополог со просек 10 и најдобар студент на ПМФ
Битолчанката Душица Брачиќ заврши со просек 10 на Институтот за етнологија и антропологија и беше прогласена за најдобар студент на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во декември минатата година, кога установата славеше 78 години постоење. Таа вели дека во општествено-хуманистичките науки наместо учење напамет, важно е активно применување на знаењето во секојдневните аспекти од животот.
Крстарењето со брод сѐ поатрактивно за Македонците: „Убавината е во тоа што бродовите пловат 365 дена по најатрактивните дестинации во светот“, велат од „Коузон“. Дали Македонија има морнари?
Иако Македонија нема директен излез на море и според националната класификација на занимања нашата земја не познава професија морнар, сепак, повеќе од 30 години нашата држава извезува одлични кадри на бродовите за крстарење низ светот. Една од најзаслужните за промоција на поморските вработувања, но и за создавањето на новиот тренд за крстарење со брод, е македонската компанија „Коузон“, која од 1998 година е партнер за вработување со најголемите светски компании.
Како да се справат учениците со ситуации како тие во Загреб и Белград: Имаат ли нашите училишта протоколи за безбедност?
Истовремено, стравот ја отвори дебатата дали нашите училишта имаат протоколи или упатства како да постапуваат при ненадејни настани како тие во Загреб или Белград, дали треба да се воведат посериозни мерки и што да се преземе при такви ситуации. По настанот во Загреб, родителите на социјалните мрежи повторно изразија загриженост и повикаа општините, МОН и МВР да преземат посериозни мерки за безбедноста на учениците.