„Рати по твој избор“ само во Шпаркасе Банка! - за потрошувачки, станбен и хипотекарен кредит

„Рати по твој избор“ само во Шпаркасе Банка! - за потрошувачки, станбен и хипотекарен кредит

Ти го избираш темпото: кредит со рати по твој избор

Повеќе контрола, помалку грижи – нов кредитен модел на Шпаркасе Банка. Со „Рати по твој избор!“ Шпаркасе Банка на своите клиенти им нуди вистинска финансиска флексибилност и чувство на сигурност кога им се најпотребни. Оваа флексибилност на клиентите им овозможува да направат избор на висината на ратата во оние месеци во кои тие имаат потреба и/или можност да плаќаат повисока или пониска месечна рата. Наместо фиксна висина на рата што не се менува, клиентите може претходно да изберат периоди кога сакаат пониска или повисока рата, а со фиксна камата.

„Рати по твој избор!“ важи во фиксниот каматен период, а тоа овозможува јасна предвидливост и сигурност во планирањето.

Кај потрошувачките кредити со фиксна каматна стапка во текот на целото времетраење на кредитот клиентите имаат можност да изберат пониски или повисоки рати во кој било дел од периодот на отплата ‒ на почетокот, во одредени месеци од годината или на крајот на отплатата. Доколку се избере сезонски распоред во одредени месеци од годината, тој се повторува секоја наредна година во текот на договорниот период. Ова е идеално решение за нов почеток, реновирање, преселба, заминување во пензија, промена на работната позиција, непланирано патување или други поголеми животни потреби.

„Рати по твој избор!“ се достапни за:

Станбен кредит
Хипотекарен кредит

- Со оваа понуда Шпаркасе Банка покажува дека ги разбира реалните потреби на клиентите. Наместо клиентот да се приспособува на кредитот, кредитот се приспособува на клиентот. Овој модел нуди краткорочно олеснување во периоди кога трошоците се зголемени или приходите се намалени, без да се наруши дисциплината на редовна отплата. Иако вкупната обврска може да се разликува од класичен кредит со еднаков ануитет, придобивката е јасна – поголема слобода, поголема флексибилност и 
поголема приспособливост во месечното и во секојдневното планирање - изјави Ивана Петревска, директорка на дирекцијата за маркетинг и комуникации.

Рати по твој избор – само во Шпаркасе Банка.

За повеќе информации, посетете ја најблиската експозитура, контактирајте го Сервисниот центар на бројот 02 15 050 или информирајте се преку официјалната веб-страница на Банката – www.sparkasse.mk.

(Комерцијална објава)