Oглас за вработување на седум (7) лица во Сектор за поддршка на Советот на Собранискиот канал/Одделение за реализација на програма

Oглас за вработување на седум (7) лица во Сектор за поддршка на Советот на Собранискиот канал/Одделение за реализација на програма

Собранието на Република Северна Македонија со финансиска поддршка од Швајцарија преку Програмата за парламентарна поддршка објавува:

Oглас за вработување на седум (7) лица во Сектор за поддршка на Советот на Собранискиот канал/Одделение за реализација на програма:

-Раководител на одделение за реализација на програма Продуцент - режисер (една позиција - 1)
-Советник новинар (две позиции - 2)
-Самостоен референт - видео миксер/монтажер (една позиција - 1)
-Самостоен референт снимател/камерман (две позиции - 2)
-Виш референт - тонец/монтажер (една позиција - 1)

За повеќе информации во врска со секоја позиција поединечно прочитајте на следниот линк https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/429505/Vrabotuvanje-vo-Sektor-za-poddrshka-na-Sovetot-na-Sobraniskiot-kanalOddelenie-za-realizacija-na-programa/

Одделението за реализација на програма е воспоставено во рамките на Секторот за поддршка на Советот на Собранискиот канал со Актите за внатрешна организација и систематизација на Собранието на Република Северна Македонија во 2021 година. Ангажирањето на вработени за ова новo одделение се спроведува во рамки на Програмата за парламентарна поддршка имплементирана од Националниот демократски институт (НДИ) во соработка со Центарот за управување со промени (ЦУП) и Институтот за демократија Социетас Цивилис Скопје (ИДСЦС).