„Една битка по друга“ триумфира на 98. издание на „Оскарите“ со шест награди

„Една битка по друга“ триумфира на 98. издание на „Оскарите“ со шест награди

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Свечената церемонија на доделување на „Оскарите“ се одржа синоќа во театарот „Долби“ во Холивуд, Лос Анџелес, каде што филмската индустрија повторно ги одбележа најдобрите остварувања во кинематографијата од изминатата година.

Настанот, кој се смета за најпрестижно признание во светот на филмот, традиционално ги собира најголемите филмски ѕвезди, режисери и автори на едно место. Овогодишната церемонија ја водеше американскиот комичар и водител Конан О’Брајан.

Најголемиот победник на вечерта беше филмот „Една битка по друга“, кој освои шест златни статуетки. Покрај наградата за најдобар филм, ова филмско остварување триумфира и во категориите за режија, адаптирано сценарио, монтажа, кастинг и споредна машка улога.

Филмот е во режија на Пол Томас Андерсон, а со овие признанија стана најнаградуваното остварување на церемонијата. Веднаш по него следуваше филмот „Грешници“, кој освои четири награди, меѓу кои и „Оскар“ за најдобар актер кој му припадна на Мајкл Б. Џордан.

Со неколку признанија се истакна и филмот „Франкенштајн“, кој доминираше во техничките категории, освојувајќи награди за костимографија, шминка и сценографија.

Во продолжение погледнете ги победниците во некои од најважните категории.

Најдобар филм

„Бугонија“
„Ф1: Филмот“
„Франкенштајн“
„Хамнет“
„Марти Суприм“
„Една битка по друга“ - победник
„Тајниот агент“
„Сентиментална вредност“
„Грешници“
„Соништа за возови“

Најдобар режисер

Клоe Жао, „Хамнет“
Џош Сафди, „Марти Суприм“
Пол Томас Андерсон, „Една битка по друга“ - победник
Јоаким Триер, „Сентиментална вредност“
Рајан Куглер, „Грешници“

Најдобар актер во главна улога


Тимоти Шаламе, „Марти Суприм“
Леонардо ди Каприо, „Една битка по друга“
Итан Хок, „Сина месечина“
Мајкл Б. Џордан, „Грешници“ - победник
Вагнер Моура, „Тајниот агент“

Најдобра актерка во главна улога


Џеси Бакли, „Хамнет“ - победник 
Роуз Бирн, „Да имав нозе, ќе те клоцнев“
Кејт Хадсон, „Сонг Сунг Блу“
Ренате Рејнсве, „Сентиментална вредност“
Ема Стоун, „Бугонија“

Најдобар актер во споредна улога


Џејкоб Елорди, „Франкенштајн“
Бенисио дел Торо, „Една битка по друга“
Делрој Линдо, „Грешници“
Шон Пен, „Една битка по друга“ - победник
Стелан Скарсгард, „Сентиментална вредност“

Најдобра актерка во споредна улога

Тејана Тејлор, „Една битка по друга“
Ел Фенинг, „Сентиментална вредност“
Инга Ибсдотер Лилеас, „Сентиментална вредност“
Ејми Мадиган, „Оружје“ - победник
Вунми Мосаку, „Грешници“

Најдобро адаптирано сценарио


„Бугонија“
„Франкенштајн“
„Хамнет“
„Една битка по друга“ - победник
„Соништа за возови“

Најдобро оригинално сценарио

„Сина месечина“
„Обична случајност“
„Марти Суприм“
„Сентиментална вредност“
„Грешници“ - победник

Најдобра оригинална песна

„Dear Me“ од филмот „Дајан Ворен: Неуморна“
„Golden“ од филмот „Кеј-поп: Ловци на демони“ - победник
„I Lied to You“ од филмот „Грешници“
„Sweet Dreams“ од филмот „Вива Верди“
„Train Dreams“ од филмот „Соништа за возови“

Најдобар анимиран филм

„Арко“
„Елио“
„Кеј-поп: Ловци на демони“ - победник
„Малата Амели“
„Зоотропола 2“

Најдобра кинематографија

„Франкенштајн“
„Марти Суприм“
„Една битка по друга“
„Грешници“ - победник
„Соништа за возови“

Најдобар кастинг

„Хамнет“
„Марти Суприм“
„Една битка по друга“ - победник
„Грешници“
„Тајниот агент“

Целосната листа на победници можете да ја погледнете ТУКА.

Извор: ВВС