Предбрачен договор, канабис и луксузни одмори: Што има во пакетите што ги добија номинираните за „Оскар“?

Предбрачен договор, канабис и луксузни одмори: Што има во пакетите што ги добија номинираните за „Оскар“?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Номинираните за „Оскар“ кои вчера присуствуваа на доделувањето на наградите во театарот „Долби“ во Лос Анџелес не си заминаа дома со празни раце.

Во големите торби што ги подготвуваат многубројните спонзори за најголемите ѕвезди на филмската уметност годинава се наоѓаат раскошни подароци со вкупна вредност од околу 320.000 евра.

Организацијата што ги подготвува овие торби веќе 24 години е компанијата „Дистинктив асетс“ од Лос Анџелес.

Овие пакети содржат:

- Луксузен престој во приватната вила „Есенс оф дримс прајвет лажри вила“ во Костарика, со приватен готвач и возач.

- Одмор во луксузна вила во Лапонија со посебно доживување - поглед на поларната светлина.

- 7-дневен велнес-одмор во луксузното одморалиште „Голден дор“ во Јужна Калифорнија.

- 10-дневен одмор во Шри Ланка во одморалиштето „Сантани“, кое е наградено со Мишелин ѕвезда.

- Пакет за нега на лице и луксузни производи за кожа од брендот „Дануцер“.

- Швајцарски сет луксузни производи за нега на кожа од брендот „Инстутутум“.

- Ваучер од 400 долари за третман на лице и масажа во велнес-центарот „Десуар спа“.

- Липосукција за обликување на тело, во клиниката на реномираниот пластичен хирург д-р Томас Су.

- Консултација и третман за насмевка во стоматолошката ординација „Беверли хилс дентал артс“.

- Специјален сет за чистење заби „Флаус електрик флосер“.

- Третман за подмладување на лице во њујоршката ординација на Константина Васјукевич во вредност од околу 25.000 долари.

- Приспособен предбрачен договор составен од познатиот адвокат за разводи Џејмс Секстон.

- Луксузен пакет со производи од канабис за релаксација од компанијата „Бебое“.

-Производи од канабис РИТМ.

- Јапонски куфери „асија лагеџ“ инспирирани од традиционалниот кабуки театар.

- Услуги за дизајнирање ентериер по мерка, вредни околу 150.000 долари.

- Луксузен туш со „аква бустер“ технологија.

- Златен паричник „бале“ за чување крипто‑валути.

-Пенкало „муви стар“ од лимитираната колекција „Бену“.

- Луксузен пакет чаеви од „Ти форте“.

- Удобни обувки „ООФОС ООАХХ плус“ за кои производителите тврдат дека помагаат да се намалат заморот и болката во колената и зглобовите.

Извор: 021.rs
Фото: Instagram