„Самсунг“ произведе паметен телефон без интернет наменет за студентите

„Самсунг“ произведе паметен телефон без интернет наменет за студентите

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

„Самсунг“ направи паметен телефон за корисниците што не сакаат да користат интернет.

galaksi
Фото: Samsung

„Галакси Ј2 Про“ има слични спецификации и дизајн како другите висококвалитетни паметни телефони на „Самсунг“, но некои апликации не функционираат и не може да се поврзе на мрежа.

Во соопштението издадено од „Самсунг“ се наведува дека овој телефон е наменет да им помогне на студентите во Јужна Кореја да останат фокусирани на нивниот приемен испит на факултет наречен „Сунеунг“. Овој приемен испит за идните студенти е одлучувачки фактор за тоа колку успешни ќе бидат во длабоко хиерархиското општество.

Компанијата понуди попуст за купувачите од 18 до 21 година за уред чија регуларна цена е 186 долари. Уредот доаѓа во црна и во златна боја, има AMOLED-екран до 5 инчи, 1,5 гигабајти РАМ меморија и простор за микро Ес-де картичка. Има и предна камера од 5 мегапиксели и камера од 8 мегапиксели.

На телефонот се наоѓаат сите апликации што не бараат поврзување на интернет за да функционираат. Овој телефон е наменет и за помладите чии родители сакаат контрола над нивната употреба.

Не е објавено кога „Ј2 Про“ ќе биде достапен во земјите надвор од Јужна Кореја.