И „Нетфликс“ додава вештачка интелигенција во своите пребарувања
Технологијата „Опен АИ“ брзо се шири и наоѓа примена во различни индустрии. Наскоро ќе биде интегрирана во „Нетфликс“, каде што ќе лансира нова функција за пребарување содржини. Ова напредно пребарување ќе им овозможи на корисниците да откриваат филмови и серии врз основа на специфични критериуми, вклучувајќи го и моменталното расположение.
Функцијата првично ќе биде достапна исклучиво за корисниците на „иОС“, а тестирањето ќе започне во САД во текот на наредните недели.
За разлика од класичното пребарување по наслов, актер или жанр, новата опција ќе им овозможи на корисниците да пребаруваат содржина врз основа на емоции. На пример, пишувањето на зборот „среќен“ ќе прикаже комедии и наслови што предизвикуваат да се чувствувате добро, додека „тажен“ може да понуди драми со подлабок емотивен тон.
Бидејќи користи генеративна вештачка интелигенција на „Опен АИ“, ова пребарување овозможува користење на природен јазик. Корисникот може едноставно да напише реченица како: „Се чувствувам меланхолично, препорачајте филм што одговара на ова расположение“ и да добие предлози како „Изгубени во преводот“, „Вечното сонце на беспрекорниот ум“, „Неа“ или „Аномалиса“ - анимиран филм за осаменоста и минливоста на човечките односи.
„Нетфликс“ веќе користи вештачка интелигенција за да дава персонализирани препораки врз основа на историјата на гледање на корисниците, а сега ја проширува и употребата на технологијата со вештачка интелигенција. Новата функција моментално се тестира кај одбрани корисници во Австралија и Нов Зеланд, а планирано е проширување и во САД.
Според портпаролот на „Нетфликс“, Момо Жоу, веста е точна.
- Ова е рана фаза од тестирањето, фокусирани сме на учење и повратни информации од корисниците - рекол Жоу.
Извор: bajtbox.com
Фото: Freepik