Моето внуче има 4 години и по траума од воспитувачката почна да мокри ноќе. Го преместивме во друга група, но што треба дополнително да преземеме?
Моето внуче има 4 години и по траума од воспитувачката во градинка повторно почна да мокри ноќе. Реагиравме во градинката, но воспитувачката почна да го казнува и да не му дава да игра со другарчињата, по што побаравме да биде преместен во друга група. Останува да видиме дали ќе се приспособи на новите другарчиња и новата воспитувачка и со тоа да се опушти и некако да се ослободи од ноќното мокрење. Но дали треба да преземеме нешто и со психолог и како побрзо да го спречиме мокрењето затоа што веќе си ги имаше стекнато навиките за одење во веце. И покрај поплаките од родителите, градинката ништо не презеде за воспитувачката, а имаме сознанија од родители дека таа понекогаш знае и да ги удри децата. И дали е дозволено децата во градинка да имаат ТВ во занималните?
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк