Имаме очи и на тилот, потврдуваат научниците

Имаме очи и на тилот, потврдуваат научниците

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Честопати во одреден момент луѓето имаат чудно чувство дека некој ги набљудува.

Излегува дека се во право, а постои и научна причина за тоа: нашата просторна свест се протега надвор од она што можеме да го видиме.

Во рамките на новото истражување од Истражувачкиот институт за електрична комуникација на Универзитетот „Тохоку“ во Јапонија бил спроведен експеримент за да се открие како луѓето го гледаат движењето во тродимензионален свет.

Една група, предводена од професорот Сатоши Шиори, дизајнирала посебен екран со шест панели што покривал простор од 360 степени, околу 55 учесници. Истовремено, се појавиле 6 букви на екраните, а од учесниците било побарано да пронајдат одредени букви.

очи
Фото: iStock


По повтореното изложување на истите просторни распореди околу кандидатите, локацијата на таргетираниот објект станува побрза дури и ако кандидатот немал експлицитно познавање на повторуваното.

Резултатите укажуваат на тоа дека претставувањето на околината постои во мозокот и може да се искористи за човек да „погледне назад“ без физички да се сврти. Со други зборови, луѓето имаат очи и на тилот.

Нашиот мозок конструира свет од 360 степени дури и ако визуелно сме свесни само за она што е пред нас.