Оглас за пракса во АрцелорМиттал

Оглас за пракса во АрцелорМиттал


АрцелорМиттал е водечки светски производител на челик со претставништва во повеќе од 60 земји. Присутни сме на пазарот во Македонија од 2004 година и постојано се стремиме да го поттикнеме развојот и напредокот на младите кадри преку практикантска програма во различни области.

Во насока на професионално усовршување на младите, АрцелорМиттал Скопје нуди пракса со полно работно време во секторот за Човечки ресурси и правни работи за практикант преведувач.
  
Придобивки:

-3 месечна практикантска работа со ментор
-континуиран процес на учење и развој на вештини
-покриени трошоци за превоз и храна
-професионална работна атмосфера
-стекнување искуство во меѓународна компанија Сите студенти (апсолвенти, дипломирани и постдипломци) на Филолошки факултет (англиски јазик) – насока Превод и толкување кои имаат добри компјутерски вештини, се комуникативни, тимски ориентирани, сакаат предизвици и се насочени кон успех, може да го испратат своето CV на HRJobs.Skopje@mittalco.com, со назнака „Апликација за пракса – Преведувач“

Краен рок за аплицирање 30 мај 2018 г.