„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

Грижата за вработените и постојаното унапредување на условите за работа, како клучни стратешки цели на „Алкалоид“, се препознаени и афирмирани и од стручните здруженија од областа на безбедноста и здравјето при работа.

По повод одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, 28 април, под мотото „БЗР од мали нозе – за идните генерации“, „Алкалоид“ се здоби со две признанија, и тоа за најдобар правен субјект кој реално и стручно придонел во сопствениот развој инвестирајќи/имплементирајќи добри практики во безбедни и здрави работни места за своите вработени и за правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени.



Во рамките на настанот, кој беше организиран под покровителство на стручните здруженија од областа на безбедноста и здравјето при работа (Здружението за заштита при работа на Општина Битола, Здружението за безбедност при работа „28 Април“ – Скопје и Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА – Скопје), свое обраќање имаше и членот на УО на „Алкалоид“, Ќире Ицев:

- Добиените признанија се најдобар доказ за напорите што ги вложува „Алкалоид“ во градењето безбедна и здрава работна средина. Ова за нас претставува мотив повеќе и во иднина да продолжиме со напорна работа и со надминување на предизвиците преку континуирано унапредување на воспоставениот систем за безбедност и здравје при работа и преку примена на светски етаблираните практики, кои се со цел заштита на вработените - истакна Ицев.



„Алкалоид“ како компанија во чиј фокус се луѓето, пред сѐ, останува посветена на процесот на континуирана надградба на безбедна и здрава работна средина за сите вработени, изведувачи и посетители. Системот за управување со безбедноста и здравјето при работа, како и примената на највисоките стандарди се вградени во изведувањето на секојдневните операции и активности. Континуираното вложување во унапредување, осовременување и во примена на етаблираните светски практики има цел превенција, намалување и отстранување на ризиците на секое работно место.

(Комерцијална објава)